1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Автомобили со многу историја

19 јуни 2018

Околу 250 автомобили произведени во Германската Демократска Република и Источниот блок беа прикажани деновиве на т.н. „Осталгична средба“ во Зинсхајм во покраината Баден Виртемберг.

https://p.dw.com/p/2zomZ
Deutschland BdT "Ostalgie"-Treffen
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Anspach

Во Зинсхајм, на четвртата по ред ваква изложба во Техничкиот музеј, беа прикажани автомобили произведени пред 1990. година од различни модели, а доминираа класичните како Трабант, Лада, Москвич. На #ФотографијаНаДенот: црвена ѕвезда со симболите срп и чекан на еден Москвич.

Поимот „осталгија“ во Германија ја означува носталгијата по животот во ГДР, тој е кованка од зборовите ost - (исток) i Nostalgie (носталгија).