1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Пустински јастреб во лов на гулаби

15 декември 2017

Против намножената популација гулаби, напаст за граѓаните и купувачите во Минхен, е ангажиран јастребот Хилари.

https://p.dw.com/p/2pPw4
BdT Wüstenbussard auf Taubenjagd in München
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Balk

Пустинскиот јастреб Хилари не лови во природа, туку среде град. Тој е ангажиран во трговскиот центар на Карловиот плоштад, во срцето на Минхен, да лови гулаби, кои се намножени и полека стануваат вистинска напаст за купувачите и минувачите. Надлежните во трговскиот центар „Штахус“ претходно се обиделе да ги гонат гулабите пуштајќи различни снимени крици на грабливи птици преку разглас и со ултразвуци, но безуспешно. Хилари сега лета речиси секојдневно, а така ќе биде сѐ додека не се реши проблемот. На #ФотографијаНаДенот: јастребот Хилари на раката на својот дресер, Гинтер Рау.