1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Штрковите се вратија предвреме

16 февруари 2018

Во германската покраина Хесен, голем број штркови годинава стигнаа премногу рано од своите зимски престојувалишта и поради замрзнатата земја и водите прекриени со мраз, имаат проблем со обезбедување храна.

https://p.dw.com/p/2smhV
BdT mit Deutschlandbezug - Störche zurück in Hessen
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Roessler

Штрковите се предвесници на пролетта. Но, во германската покраина Хесен, голем број од овие птици преселници годинава се вратија премногу рано од своите зимски престојувалишта и поради замрзнатата земја и водите прекриени со мраз, имаат проблем со обезбедување храна. На #ФотографијаНаДенот: двојка штркови на температура под нулата стои на своето гнездо.