1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фудбалот е голем бизнис

17 јуни 2008

Се вели дека фудбалот е најубавата споредна работа на светот. Топката е тркалезна и предизвикува страст, идентификација и животна филозофија. И, секако, бизнис со милиони.

https://p.dw.com/p/E2JQ
Секој успешен потег и резултат ги полни касите на екипитеФотографија: AP

Играта со топка е и останува глобален пазар во пораст. Ова произлегува од една студија што ја подговтви Институтот за стопанство од Хамбург, по налог на Нордбанк.

Публика, играчи, екипи, сојузи и спонзори, произведувачи на спортска опрема и секако медиумите. Сите учествуваат на пазарот со милински суми. Германската сојузна лига доживува бум како никогаш досега. Вкупниот приход во првата лига во сезоната 2006-2007 во споредба со претходната сезона порасна за 13 проценти, односно на милијарда и пол евра.

Бизнисот со топката во пораст

Ако екипите уште повеќе се рекламираат, тогаш е можно во нивните каси да се слеат уште повеќе пари. Вака барем гледа Хениг Фепел од Економскиот институт во Хамбург. Заедно со неколу колеги тој подготви студија според која во Азија, каде што во моментов клубови од англиската Премиер - лига се на турнеја, бизнисот со топката е во огромен пораст. Зашто таму, кога станува збор за фудбалот, постои голема потреба за да се стигне другиот свет.

EM 2008 Auftakt Eröffnung Symbolbild
Фотографија: AP

Но, она што е уште поважно, вели Фепел, во многу азиски држави растат приходите. Така, на пример, до 2020 година, фудбалскиот пазар во Кина ќе порасне за 500 проценти, односно до скоро 250 милијарди долари „Претпоставка за тоа фудбалскиот бизнис да може да расте е соодветната инфраструктура во државите. Значи, професионални лиги, стадиони, но и регионална структура на екипи, за фудбалот да може да се етаблира како спорт на мнозинството, што е исто така и претпоставка за негова комерцијализација.“

Премиер лигата заработува повеќе од Бундеслигата

Германија е најсилниот фудбалски пазар во Европа што се однесува до куповната моќ. Па, сепак германската сојузна лига заостанува и економски и спортски зад другите големи лиги на континентот. На пример, Англија: додека во Бундеслигата со продажба на телевизиските права се заработуваат нецели 20 милиони евра годишнио, Англичаните генерираат 230 милиони.

Schweizer Stadion früher Wankendorf Stadion in Bern Schweiz
Фотографија: AP

Се пропушти, вели Фепел, поголемо отворање кон меѓународниот развој.

Германскиот фудбал е премногу традиционален, промените повеќе се гледаат како закана, отколку како шанса „Потенцијалите во продажбата се наоѓаат пред се во рекламата во странство, каде што Бундеслигата, во споредба со англиската Премиер лига далеку заостанува. Освен тоа, фудбалот натаму треба да се шири кон целни групи, токму со оглед на демографските промени. На пример, фудбалот има потреба од проширување токму кон младите луѓе. Кај нив, секако и конкуренцијата од други активности во слободното време е посебно голема.“

Големите клубови во предност

Големите, пред се финансиски силните екипи како Баерн од Минхен, секако имаат предности во меѓународното претставување, вели Фепел. Меѓутоа, тренинг или тест-напревари можат да си дозволат и екипи како Енерги Котбус или Арминија Билефелд. На пример, за време на зимската пауза да се најдат на рекламни турнеи по Далечниот исток.

Tote bei Fußballspiel in Sizilien
Фотографија: AP

Фепел подвлекува дека е сосема јасно оти спонзорите играат голема улога на фудбалскиот пазар. За фирмите само соработката веќе носи големи предности во негувањето на имиџот, вели Фепел: „На пример, можноста за заеднички настап на пазарот. Реал Мадрид соработува со Сименс мобил во Кина за таму заеднички да се етаблираат.“

И на крајот, но не како последно: фудбалскиот клуб кој во составот има еден Бразилец што се вика Диего или Макото Хасебе од Јапонија, веќе на тој начин освоил голем дел од странскиот пазар, вели Фепел: „Притоа секако, голема улога игра идентификацијата на домашното население со играчот од Бундеслигата. Тоа предизвикува интерес и го зголемува познавањето на Бундеслигата. А, тоа е многу значајно за нејзината популарност во странство„.