1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Човекот кој се бореше за спас на еврото

31 октомври 2011

Жан Клод Трише осум години беше еден од највлијателните луѓе во Европа. Сега кормилото на Европската централна банка го предава на својот наследник, Италијанецот Марио Драги.

https://p.dw.com/p/132Hx
Жан Клод ТришеФотографија: dapd

Турбуленциите минатите месеци му се читаат по бледилото на лицето. Жан Клод Трише со тешко срце си заминува од ЕЦБ.

„Тоа беше огромна задача во време на предизвици. Затоа сум многу погоден. Но, мандатот е временски ограничен, што е дел од независноста на Европската централна банка, затоа е добро така како што е“.

Пред осум години светот изгледаше поинаку, кога ја прими должноста од претходникот Вим Дуисенберг.

Трише важеше за финансиско-политички тврдолинијаш, енергичен борец за стабилни цени, кој не дозволуваше влијание врз неговиот курс на монетарна политика.

Но, потоа се‘ се промени: Грција се заканува да ја турне еврозоната во бездна. Трише ги отвори трезорите на Банката, купуваше грчки државни обврзници, им даваше кредити на банките.

За неговите критичари, рамно на грев.

Некои пак го фалат Трише за примена на вистински средства во вистинско време и за спас на еврото. Кратко-дело за кое политиката не беше способна. Така сака и тој да биде сфатен.

„Слабоста на Европа е нејзиното државно раководство-економското и буџетско-политичкото, недоволната конкурентност. Но, дијагнозата е лесна, решението многу потешко. Сепак, јас имам доверба“.

Трише задачата сега ја препушти на друг. Тој самиот, хуманист и поет од хоби, конечно ќе може да се посвети на неговата книга за поезијата.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Керстин Швајцер/ Жана Ацеска

Редактор: Борис Георгиевски