1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците го одврзаа ќесето

ЕМФ /агенции
22 декември 2017

Потрошувачите во Германија трошат наголемо пред Божик. Според предвидувањата, и наредната 2018 година ќе биде добра во потрошувачка смисла.

https://p.dw.com/p/2pput
Symbolbild Konsum, Einkaufen, Löhne, Kaufkraft
Фотографија: picture-alliance/dpaN. Huland

Потрошувачите во Германија во новата 2018 година влегуваат полни со доверба. Истражувачите од Нирнбершкиот институт за истражување на потрошувачката (ГфК) за наредната година прогнозираат пораст на индексот за 0,1 поен, со што би се достигнала вредност од 10,8 поени. До ваквите резултати се дојде со помош на истражувањето на околу две илјади репрезентативно одбрани граѓани. Добри се и изгледите за успешен божиќен шопинг.

„Потрошувачите во моментов се уверени дека трајниот силен полет ќе продолжи и во наредната година“, вели експертот на ГфК, Ролф Биркл. Со тоа е поставена добра основа за „успешна потрошувачка 2018 година“, нагласува тој.

Deutschland Supermarkt Kasse
Фотографија: picture alliance/dpa/O. Berg

Домашната конјунктура и во иднина ќе биде важен столб на вкупниот економски развој.

Биркл укажува на големата подготвеност на граѓаните за купување скапи работи, како мебел и автомобили. Оваа т. н. склоност кон купување е „стабилна и на извонредно ниво“, додава Биркл.

Според експертите, во моментов нема видливи ризици за расипување на расположението на Германците за трошење.