1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Образование

Разликата во платите меѓу наставниците во Европа

СН
15 мај 2019

Примањата на просветните работници во Македонија се меѓу најниските во Европа. Нивните колеги во Луксембург пак се на врвот на листата. Колку заработуваат учителите и наставниците ширум Европа?

https://p.dw.com/p/3Gfxy
Symbolbild Unterricht Deutschland Wirtschaft
Фотографија: Fotolia/Robert Kneschke

Просветните работници се лошо платени - така гласи општото мислење. Но, колкави плати навистина имаат тие?  Почетната годишна плата на учителите во основните училишта изнесува околу 26.000 евра - бруто. Наставниците во гимназиите и во стручните училишта добиваат 1.300 евра повеќе. Овие податоци се всушност просечна вредност за целата ЕУ. А разликите меѓу западна и источна Европа се огромни. Учителите во Луксембург заработуваат речиси трипати повеќе од ЕУ-просекот. Нивните колеги во Бугарија и во Романија се далеку под тој просек. Месечните примања растат со искуството и со работниот стаж. По 28 години работа, се достигнува максималната категорија на примања.

Колкави се платите на наставниците ширум Европа?

Таа исто така зависи од државата во која работат просветните работници. Професорите во средните училишта во Луксембург, во зенитот на кариерата, годишно заработуваат околу 139.000 евра бруто. Колегите во Полска примаат само една десетина од оваа сума.

Во Македонија врвната наставничка плата изнесува само околу 9200 евра бруто, нешто повеќе отколку во Србија, но помалку од Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Просветните работници, посебно во источна и југоисточна Европа не заработуваат премногу.

Но, колку мораат да работат за својата плата? Учителите во полските основни училишта работат 478 часови годишно. Колегите во Холандија и во Летонија речиси двојно повеќе.

Symbolbild Lehrer und Schüler
Фотографија: Fotolia/Estudi M6

Полските наставници само една третина од работно време го минуваат во работа со учениците, што е многу помалку од европскиот просек. Наставниците во Европа добар дел од своето работно време го трошат на бирократија, наместо на она најважното - наставата. Притоа, доброто образование е од клучно значење за иднината на секоја земја.