1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Глобален училишен штрајк за подобра клима

Ралф Бозен
15 март 2019

Младината протестира, светот се чуди. Тоа што почна како акција на ученичка од Шведска, прерасна во глобално движење за заштита на климата. „Fridays for Future", или „Петоци за иднината” веќе зафаќа рекордни размери.

https://p.dw.com/p/3F1v9
Stuttgart Schüler schwänzen für den Klimaschutz
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow

Се очекува ова да биде досегашна кулминација на петочните протести за заштита на климата. Во речиси сто земји во светот овој петок ученици и млади луѓе ќе излезат на улиците за планираните околу 1300 простести од кои само во Германија ќе ги има на 150 места. Ова се очекува да биде најмасовната демонстрација од серијата „Fridays for Future". Нивната цел: владите треба да бидат присилени да водат политики кои водат сметка за заштита на климата.

„Подготовките за Германија се во тек", вели портпарол на движењето за Бранденбург, Винсент Бартолен во разговор за ДВ. „Се организираме во различни локални групи и сите од нив планираат настани, но со материјал не снабдуваат од сојузниот организациски тим." Тоа се летоци, стикери и плакати кои се распределуваат преку страницата fridaysforfuture.de. Најчесто се направени од рециклирана хартија во еколошки печатници и на нив се испечатени пароли како: „Може да истрпиме изгубени часови, но промена на климата никако!", „Хоп, хоп, хоп, на јагленот стоп". Меѓународните пораки се на англиски: "There is no planet B!", односно „Немаме планета Б“ и "March now or swim later!", односно „Марширај сега, или ќе пливаш подоцна!”

Spanien Barcelona Schüler im Klimastreik
Фотографија: Imago/Zuma/M. Oesterle

Критика на декларативните заложби на политиката

За да се покријат трошоците за инфоматеријалите, техниката и превозот иницијативата започна кампања за собирање донации, објаснува Винсент Бертолен. Сепак најголемиот дел трошоци си ги покриваат од сопствени средства. Ако човек сака да разбере што е тоа што ги воодушевува и поттикнува учениците и студентите да се активираат за „Петоци за иднината” во Германија, доволно е да се забележи иритираноста што воопшто му се поставува прашање за нешто толку само по себе разбирливо. „Сакаме да ја придвижиме политиката", одговара Бертолен набрзина. За конечно нешто да се преземе за заштита на климата во Германија, и за да нема само „декларативни заложби и рокови кои постојано се пролонгираат."

18 годишниот е член на Зелените и еден од нивните кандидати за покраинските избори во Бранденбург на први септември годинава. Тој е дел од младата генерација во Германија која политички е поангажирана отколку претходната генерација. Еден од нвните идоли и шведската активистка за заштита на климата Грета Тунберг. 16 годишната со месеци секој петок штрајкува за да привлече внимание на заштитата на климата. Во американските медиуми Тунберг беше вброена меѓу 25те највлијателни тинејџери во 2018 година.

Schweden Greta Thunberg Schulstreik Protest Klimawandel
Грета ТунбергФотографија: picture-alliance/DPR/H. Franzen

Групна интелегенција на поборниците за климата

Ширум светот и се приклучија илјадници ученици. Сите тие протестираат под мотото  „Петоци за иднината” пред парламентите наместо да одат в училиште. Тоа што почна како индивидуална акција прерасна во феномен од светски размери кој се професионализира со брзина на светлината. Само во Германија според информации од иницијативата, има повеќе од 155 локални групи. Тие се застапени на сите релевантни социјални платформи како Фејсбук, Твитер, Телеграм, Инстаграм, Редит и Фликр.

На Саундклауд и Спотифај „Петок за иднината" има свој подкаст, а на Јутјуб и сопствен видео канал. Беграунди и вести за климатски промени, планирани активности и настани – се тоа се комуницира за неколку секунди и со неколку кликови. И тие добиваат се повеќе помош. Во меѓувреме има „и различни организации и сојузи кои не поддржаа," вели Винсент Бертолан.

Deutschland Schülerdemo zum Klimaschutz in Hamburg
Фотографија: Getty Images/A. Berry

Професионална помош за младите

Повеќе од 12.000 научници од Германија, Австрија и Швајцарија како „Научници за иднината" потпишаа една петиција, како поддршка за движењето. Притоа се вели дека загриженоста на учениците е реална и добро основана. Мерки за заштита на клима, на различните видови, мориња и почва одамна не се доволни. Еден од потписниците, Волкер Квашинг од високата школа за техника и економија во Берлин вели дека има многу гласови од политиката кои на децата што протестираат им велат дека мора да се вратат на училиште и дека немаат идеа.

„Затоа сме ние овде", изјави Квашинг на прес конференција пред два дена. „Ние сме професионални и велиме: младата генерација е во право. Исто така е храбро да не се оди во училиште од протесте. Затоа тој и останатите потписници бараат да им се исполнат барањата на учениците. Научниците со ова реагираат на политичката дебата во однос на прашањето, дали на е подобро учениците да одат на училиште отколу да протестираат."

Deutschland Schülerdemo zum Klimaschutz in Hamburg
Фотографија: Getty Images/A. Berry

Уште сме на почеток"

Министерката за образвование Ања Карличек отворено ги критикуваше овие акции, а деснопопулистичката АФД зборува за „политичко злоставување на деца." Покрај оваа сериозна дебата има низа пораки со говор на омраза, пред се на социјалните мрежи. На главната интернет страница на „Петоци за иднината" во Германија стои дека има „отворени закани против нашето движење и луѓето кои не претставуваат."

Поради тоа пораките со говор на омраза нема да се толерираат и ќе се поднесе кривична пријава до сите за кои постои основа за тоа. Во најмала рака поборниците за заштита на климата мора да се издржат. „Ние сме уште на почеток", вели Винсент Бартолан. „Дневно доаѓаат локални групи кои организираат штрајкови и протести, и кои наоѓаат нови приврзаници. Ние во секој случај продолжуваме понатаму."