1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трговските конфликти ќе доминираат на самитот на Г20

Бернд Ригерт
30 ноември 2018

Американскиот претседател Доналд Трамп не се интересира за меѓународна соработка. Останатите земји од Г20 поинаку гледаат на нештата. На самитот во Аргентина може да пукне тиквата.

https://p.dw.com/p/3992Y
Logo G20 Argentina 2018
Фотографија: Government of Argentina

Сега веќе 13-тиот самит на Г20 кој овој пат ќе се одржи во аргентинскиот главен град Буенос Аирес, е првиот во Латинска Америка. Претседателот на земјата домаќин, Маурицио Макри, кој се соочува со финансиска криза во својата земја, сака на 20-те најважни економии на светот да им ги приближи проблемите на земјите од неговиот континент. „Мора да им објасниме дека имаме свет во кој дупката на неправди станува се поголема наместо помала и тоа насекаде". Макри најави: „Правиме Г20 од која треба да има корист секој човек". Педро Вилагра Делгадо, главниот преговарач на Аргентина, заедно со 19 колеги со месеци го подготвува самитот. „Тоа би требало да се подразбира, но не е така. Мора да има закучоци од самитот кои ќе го подобрат ќивотот на сите луѓе." Г20 овој пат нема да зборува за иднината на работата во дигиталното опкружување, туку за образование, одржлив развој и сигурноста на прехранбените производи.

Argentinien G20 in Buenos Aires - Ankunft Donald Trump
Фотографија: Reuters/K. Lamarque

На Делгадо, кој е искусен дипломат, му е јасно дека друга тема и пред се друг претседател, односно Доналд Трамп, ќе го привлече вниманието на сцената. Со неговата трговска политика Трамп влезе во конфликт со трговкси партнери како Кина и ЕУ. Казнени царини и трговски конфликти придонесуваат да се намали трговија во светот, предупредува првата жена на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Легард во пресрет на самитот. „Секако дека покажува кои се последиците врз трговската моќ. Во најлош случај според нашите проценки ќе падне за 0,5 проценти на светско ниво."

Трамп сака „договор" со Кина

Канцеларката Ангела Меркел и многу други планираат во Буенос Аирес да се заложат за фер и слободна трговија во светот. Во моментов се чини дека самитот ќе се одвива според мотото: „Сите против еден, сите против Трамп." Трамп пак, ќе биде само на еден од двата дена присутен и тешо дека ќе попушти на таквите барања. За него САД мора да биде на прво место како што повторно изјави минатата недела. Меѓународните институции и Г20 тука му се пречка. Трамп сака да ја искористи средбата во Буенос Аирес за да разговара со кинескиот претседател бидејќи сака да постгне билатерален договор, но истовремено се заканува: „Добро ќе ни оди со Кина, тие сакаат да склучат договор по секоја цена. Можеби не ви гон кажуваат тоа, но сакаат. Имам уште 250 милијарди казнени царини кои може да ги воведам ако не постигнеме договор. Веривајте ми дека ќе ги воведам бидејќи Кина со години ја ограбувала нашата земја. Тоа со мене на чело веќе нема да се случува", изјави Трамп во Вашингтон.

Самит покрај самитот

Дали и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ќе има прилика да разговара со Доналд Трамп за казнените царини за возила и челик, не е јасно. Летоска отпочнатите трансатлантски преговори се во статус кво. Јункре го одбива пристапот на САД според кои секој си бил најблизок сам на себе.„Не ми се допаѓа унилатералност, кој нема обѕири за потребите на другите. Секогаш ќе останам мултилатералист од убедување", изјави Јункер во говорот во септември годинава по повод состојбите во Унијата.

Deutschland Hamburg - G20 - Donald Trump und Vladimir Putin
Фотографија: Getty Images/AFP/S. Loeb

На маргините на самитот планирана беше средба на Трамп и Путин, и иако Кремљ соопшти дека ќе се одржи, американскиот претседател ја откажа во прв ред поради најновиот конфликт меѓу Русија и Украина во Азовското море. Инаку Русија и САД не спорат толку многу околу трговски прашања, колку околу договорот за забрана на атомски ракети од среден дострел кои Трамп сака да ги укине. САД и префрлаат на Русија дека го минираат договорот, а Кремљ ги отфрла обвинувањата.

Африка, образование, шанси

Покрај „шоуто на Трамп", како што дипломати на ЕУ го означуваат очекуваниот спектакл, во Буенос Аирес ќе има и многу разговори за подобро образование на млади лица работници. Минатата година Германија како претседавач на Г20 посебен акцент стави на Африка. „Пактот за Африка", кој што беше склучен во Хамбург, бил сосема успешен, смета јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза. Тој неодамна беше во посета на Германија и учествуваше во подготвителна конференција за самитот на Г20. Рамафоза се обрати на германската делегација: „Начинот на кој функционира вашиот систем каде работници, компании и државата соработуваат, е за мене нов прозорец кон иднината. Може да кажеме дека тоа ќе го научиме и ние, но предизвик е недостигот на квалификувана работна сила кој во нашата земја е огромен. Германија може многу да не научи во тој поглед."

Обуката на стручни кадри можела да биде пример не само за Африка, туку и за други делови од светот, смета Педро Вилагра Делгадо, главниот преговарач на Аргентина. „Ние на Г20 им го покажуваме гледиштето на Југот, перспективата на една земја во развој. Оти ние се уште сме тоа, земја во развој. Тоа пак јасно се оцртува во нашите приоритети." А, тие се различни од оние на американскиот претседател Трамп, заклучува Делгадо.

Argentinien Buenos Aires G20 Gipfel
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Hirschberger

Обврска за соработка

Домаќините се надеваат дека лидерите на светот, кои покриваат повеќе од 80 проценти на глобалниот ГДП и покрај Трамп повторно ќе ги приближат ставовите. „Моја желба е во финалниот документ од Г20 моќните да се обврзат повторно заеднички да работат за доброто на сите." Изјавата од Самитот ќе биде донесена вториот ден, кога Доналд Трамп веќе ќе биде заминат. Дипломати на ЕУ во пресрет на самитот велат дека во многу точки имало преклопувања и со делегацијата на САД. На пр.постоижелба заеднички да се реформира Светската трговкса организација. Едно мора да им се признае на Трамп и колегите, а тоа е дека „многу нешта ги раздвижија и доведоа до придвижување во застарените конфликти." Водечкиот преговарач на Аргентина, Педро Вилагра Делгардо го сумира неговото мото за претстојниот самит на Г20: „Единствено е сигурно дека се се менува. Статична состојба во меѓународната заедница не постои."

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија