1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Абас ја одби Рајс

5 март 2008

Американската влада со намера да ги поттикне палестинскиот претседател Махмут Абас и израелскиот премиер Ехуд Олмерт да ги обноват преговорите за мир

https://p.dw.com/p/DICc
Абас не излезе во пресрет на барањата на РајсФотографија: AP

Тоа е една од целите на најновата турнеја на американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс по Блискиот исток.

Палестински ракети врз израелските градови Здерот и Ашкелон, израелски воздушни напади врз цели во појасот Газа. Насилството на Блискиот исток продолжува со нови жртви на палестинската страна. Во тоа не можеше ништо да промени ниту посетата на американската шефица на дипломатијата Кондолиза Рајс на Рамала и разговорите со палестинскиот претседател Махмут Абас. Претходно од Каиро, првата станица на турнејата, таа ги повика Палестинците да ги обноват преговорите за мир со Израел:

„Мораме да се насочиме кон она што сакаме да постигнеме што не е едноставно. Тоа е договор што ќе води кон основање палестинска држава и тој треба да биде склучен до крајот на годинава и се уште верувам дека тоа може да биде постигнато„. Со ваквата порака Рајс се сретна со палестинскиот претседател Абас кој ги прекина преговорите со израелскиот тим поради големиот број жртви во Газа по најновата израелска воена офанзива. Рајс не успеа да го убеди во спротивното. Преговорите можат да се обноват дури откако обете страни ќе се согласат на примирје, изјави Абас во Рамала. Тој ја повика израелската влада да ја прекине агресијата. И Рајс побара умереност од Израел:

„На Израелците им реков дека САД разбираат дека Израел има право да се брани, но мора да биде јасно и какви последици имаат воените акции врз невините луѓе. Мора да се спречи хуманитарна криза во Газа„.

Во најновите израелски напади загинаа повеќе од 120 Палестинци, повеќе од 350 се ранети. Насилството во Газа предизвика протести и демонстрации и на западниот брег. Во меѓувреме, израелскиот премиер Ехуд Олмерт потврди дека Израел и натаму воено ќе реагира на ракетните напади од Газа. Министерката за надворешни работи Ципи Ливни дури изјави дека во краен случај, Изреал повторно ќе го окупира појасот Газа.