1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авионот на Ер Франс паднал поради човечка и техничка грешка

ЕМФ/афп5 јули 2012

Француските истражители оценуваат дека авионот на Ер Франс, кој се урна пред три години на релација Рио де Жанеиро-Париз, паднал поради човечка и техничка грешка.

https://p.dw.com/p/15Rgl
Фотографија: AP

Според истрагата, екипажот на авионот не се снашол откако биле констатирани проблеми со мерачот на брзината.

Во нереќата на авионот на Ер Франс загинаа 228 луѓе, меѓу нив и 28 Германци. Роднините на жртвите го критикуваат денеска (05.07) завршниот извештај на француските власти за воздушна пловидба. „Истрагата смета дека пилотите направиле грешка и дека тоа е единствената причина за уривањето на авионот“, вели Германката Барбара Кролов, која во несреќата го загуби синот. „Разочарана сум“, нагласува таа. Роднините на жртвите го добиле претходно извештајот, кој е претставен попладнево.

Вчера беше објавен втор, судски извештај, направен по налог на истражниот судија Силвија Цимерман. За разлика од извештајот на француските воздухопловни власти, во него не се обвинети само пилотите, туку се наведува дека за несреќата имало несреќна комбинација од неколку фактори, како лошо време, недоволна обука на пилотите и технички проблеми на покажувачот на брзината, кои биле познати со години.