1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Авион се урна во предградие на Манила

10 декември 2011

Во несреќата има најмалку 13 загинати. Пожарот зафатил сиромашен кварт

https://p.dw.com/p/13QMv
Авионот се урнал во сиромашен кварт во МанилаФотографија: picture-alliance/dpa

Најмалку 13 лица, меѓу кои две деца загинаа денеска кога мал авион се урна во близина на зградата на училиште во едно предградие во филипинскиот главен град Манила, изјавија претставници на локалниот Црвен крст.

Авионот побарал локација за итно слетување, кусо по полетување од аеродромот во Манила за островот Минданао.

За време на несреќата во училиштето не се одржувала настава.

Локалните власти велат дека стотици луѓе останале без своите домови, откако пожарот од експлозијата на авионот ја зафатил речиси целата околна населба во сиромашното предградие на Манила. Десетици луѓе се повредени во несреќата, а неколкумина се водат како исчезнати.

Автор: БГ/ап

Редактор: ЕМФ