1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аврамопулос и Бан Ки Мун за спорот за името

ЖА/миа24 септември 2012

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос и генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун синоќа разговарале за прашањето за името на Македонија.

https://p.dw.com/p/16DAq
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кипарското и прашањето за името на Македонија беа главни теми на синоќешниот состанок меѓу грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос и генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, соопшти грчкото МНР.

Според пишаната изјава објавена на сајтот на грчкото МНР, Аврамопулос му објаснил на Бан Ку-Мун „како стојат работите денес и зошто не се продолжува во насоката што сите ја посакуваат, во рамките на процесот што се одвива под покровителство на ОН“.

„Јасно е дека тоа не е поради Грција. Ние ја истакнавме потребата што е можно побрзо да се одговори на преземените иницијативи со целосна почит кон историјата на нашата земја. Од друга страна, изнаоѓање решение ќе биде во интерес на стабилноста, мирот и соработката во овој чувствителен дел на Европа“, се наведува во изјавата на Аврамопулос.