1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аврамопулос разочаран од изјавите на Груевски

БГ/миа27 јули 2012

Шефот на грчката дипломатија, по средбата со американскиот помошник државен секретар во Атина, рече дека Грција бара веродостоен партнер за решавање на спорот.

https://p.dw.com/p/15fSX
Фотографија: AP

Министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос на денешната (27.07) средба со помошник-државниот секретар на САД Филип Гордон го изразил своето разочарување поради провокативните изјави на премиерот Груевски, соопшти грчкото МНР.

Во соопштението се вели дека „Аврамопулос повторил оти грчката Влада бара веродостоен соговорник со цел да дојде до напредок во прашањето и решение кое Грција постојано го бара“.

Викторија Нуланд, портпарол на американскиот Стејт департмент вчера најави дека Гордон во Атина ќе го отвори и прашањето за Македонија и најновите информации по посетата на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на Mакедонија.

Gesundheitsminister Dimitris Avramopoulos von Griechenland
Димитрис АврамопулосФотографија: Botschaft Griechenland

Американскиот Стејт департмент претходно отворено ги повика Грција и Македонија да почнат директни разговори за надминување на прашањето за името.Мајк Хамер, помошник државен секретар, на брифинг за новинарите во Вашингтон изјави дека САД се надеваат дека решение за спорот може да се најде во краток рок.

„Долго време наша позиција е дека ги поздравуваме напорите на ОН и на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун кој ги повика Македонија и Грција да бараат решение за прашањето за името. Ние се согласуваме со генералниот секретар дека постои потреба одново да се засилат напорите и САД продолжуваат да ги поддрржуват активностите на Метју Нимиц и на ОН прашањето за името да се реши на краток рок. Затоа, силно поттикнуваме да има активен ангажман, директно, меѓу Атина и Скопје, и се надеваме дека може да се постигне решение за спорот за името“, изјави Хамер на прашањето - дали САД ја поддржуваат најавата на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун дека ќе побара од грчиот премиер Андонис Самарас да ја прифати македонската покана за разговори на високо ниво.