Автопатот кон Косово е добра вест за бизнисот

Од Скопје до Приштина за 45 минути - деценискиот проект конечно ќе се реализира. Стопанствениците апелираат реализацијата на проектот вреден 110 милиони евра да биде експресна.

Македонија конечно го стартува проектот за автопатско поврзување со Косово. Следниот месец ќе биде објавен тендер за изградба на првата делница од автопатот Скопје - Блаце, а градежните работи се очекува да стартуваат во вториот квартал годинава, објави денеска Владата. До 2023 година, од Скопје до Блаце ќе треба да се патува по нов автопат, долг 12,5 километри, кој според проценките ќе чини 110 милиони евра. За Владата, ова е еден од стратешките  приоритети:

„Конечно ставаме точка на автопатското поврзување помеѓу Македонија и Косово, означувајќи го формалниот старт на проектот Скопје – Блаце“, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Стартот на проектот е значаен од повеќе аспекти. Но, клучен е бизнис-факторот, со оглед дека Косово е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија:  

„Годишната трговска размена со Косово е околу половина милијарда евра, при што Македонија има значителен суфицит. Затоа е многу важно да имаме автопат за да може нашите трговци да испорачуваат стока во Косово“, изјави Османи.

Повеќе: Меркел: На Балканот му требаат автопатишта, а не студии за изводливост

„Периодот за изградба на толкава делница е преголем“

Бизнисот ја поздравува веста дека овој проект конечно е ставен на агенда за реализација. Стопанствениците предупредуваат дека низ годиниве Македонија губела многу од нереализација на овој проект, кој Косово речиси го заврши. Сепак, посакуваат реализацијата да биде побрза од планираното:     

„Секако дека оваа вест е позитивна за нас. Па ние ова го чекаме со децении, а и со години постојано апелираме да почне реализацијата на овој проект.

Првата делница, во должина од околу 2 километра, почнува од граничниот премин „Блаце“

Но сметам дека изградбата може и мора да биде побрза од периодот што се најавува. Повеќе од три години за изградба на толкава делница е сепак премногу. Малку е несериозно во година која се најавува дека ќе биде на економијата да најавувате старт на ваков проект кој би траел толку долго, но ајде да видиме. Дај боже да биде како што се најавува. Сепак тие се политиките на оваа Влада, такви се приоритетите и толкави се ресурсите“, изјави за ДВ, Мендерес Кучи, бизнисмен од Стопанската комора на северозападна Македонија.

Инфраструктурното поврзување со земјите од регионот, според стопанствениците, треба да биде врвен приоритет за Македонија. ЕУ како пазар е секако главен, но пробивот без да се освои регионалниот ќе биде многу бавен и тежок: 

„Не може да се надеваме на ЕУ и Германија како наш главен трговски партнер. Да, таму извезуваме најмногу, но во последниве години гледаме дека од домашната понуда најатрактивна е само нашата работна сила. За нашите производи е малку потешко.

Автопат во ќорсокак

Контроверзен проект

Уште од самиот почеток, целата постапка околу изградбата на автопатот беше обвиена во контроверзи. Наместо преку тендер, поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ одлучи договорот за изградбата на двете делници со кинеската компанија Синохидро: Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, да го протурка со закон преку парламентот.

Автопат во ќорсокак

Проект вреден над половина милијарда евра

Со договорот за изградбата на двата автопати беше предвидено тие да чинат 579 милиони евра- обезбедени преку кредит од кинеската Ексим банка. Делницата Миладиновци-Штип е со должина од 47 километри, додека автопатот Кичево-Охрид е со должина од 57 километри. Изградбата започна во мај 2014 година.

Автопат во ќорсокак

Редица грешки и пропусти

Иако од почетокот на годинава беше познато дека изградбата на делницата Кичево-Охрид е во застој, информациите до јавноста за бројните проблеми протекоа дури по промената на власта. Во извештајот на надзорот се наведуваат сериозни грешки и проблеми во проектирањето и во реализацијата на проектот. Проценките се дека ќе бидат потребни дополнителни 130 до 150 милиони евра за да се заврши автопатот.

Автопат во ќорсокак

Проблематични косини и тунели

Најголеми грешки се утврдени во проектирањето на трасата, косините на автопатот, како и кај тунелите. Санација на штетите или комплетно нова траса? Одговорот на ова прашање ќе треба да го дадат експертите. Новата влада спроведува комплетна ревизија на проектот, но ќе мора да одлучи дали и како ќе ја финансира финансиската дупка која се јави при изградбата?

Автопат во ќорсокак

Неизвесен крај

Според актуелните проценки на Министерството за транспорт, во оптимистичко сценарио делницата Кичево-Охрид најрано може да биде завршена до октомври 2019 година. Пореалистична е варијантата дека изградбата ќе се одолжи до средината на 2020 година. Автопатот Миладиновци-Штип, пак, би требало да биде готов до втората половина на следната година.

Автопат во ќорсокак

Одговорност за пропустите?

Премиерот Зоран Заев веќе најави стопирање на проектот додека не завршат сите ревизии и проценки на штетите. Заев ќе мора да преговара со кинеската страна за продолжување на роковите и начинот на кој ќе се финансираат новите трошоци. Случајот го истражува и СЈО, а меѓу обвинетите во случајот „Траекторија“ е и поранешниот премиер Никола Груевски.

Оттука, сметам дека фокусот мора да се насочи кон реализација на сите инфраструктурни проекти за ефикасно поврзување не само со Косово, туку и со сите земји од регионот. Тоа е клучно за бизнисот“, коментира Кучи.

Со реализација на оваа делница Косово ќе биде трет сосед на Македонија со кој земјата ќе има директна конекција преку автопат. Засега, тоа е случај само со Грција и Србија. Допрва треба да се реализираат и најавите за автопатско поврзување со Албанија и Бугарија. За западниот сосед, многу нешта зависат од автопатот Кичево - Охрид, кој од неодамна повторно стана градежно оперативен откако повеќе од една година беше на стенд бај поради пропусти во проектно техничката документација, но и сомнежите за коруптивност во зделката од страна на претставници на актуелната власт. 

Повеќе: Од Кичево до Охрид за 600 милиони евра

Изградбата на автопатот нема да биде лесна

За овој проект веќе е обезбеден грант од 1,3 милиони евра ИПА-средства кои се неповратни. Побарана е финансиска поддршка во рамките на Инвестициската рамка за Западниот Балкан во износ од 27 милиони евра, како и неповратни средства. За останатиот дел ќе се оди на опцијата заем од Европската банка за обнова и развој, како главен финансиер на проектот.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, посочи дека заради побрзо реализирање на проектот, изградбата на автопатот Скопје – Блаце е поделена на две подделници. Првата делница, во должина од околу 2 километра, почнува од граничниот премин „Блаце“ до првата клучка „Блаце“, за чија изградба и надзор средствата биле обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта и чија реализација се очекува побрзо да стартува. Втората е од клучката „Блаце“ до Скопје кај „Стенковец“, во должина од околу 10,5 километри. Целиот автопат нема да биде нималку лесен за изградба, со оглед дека по неговата должина се предвидени 4 тунели во должина од околу 4 километри, 8 мостови и други придружни објекти.

Митови и факти за германските автопатишта

Најстариот автопат

Берлинскиот АВУС се смета за најстар автопат во Германија. Изграден е меѓу 1913 и 1921 година. Во тоа време, бил со должина од само 10 километри. Поради неговата должина многумина го нарекуваат АВУС прототип на автопат.

Митови и факти за германските автопатишта

„Пат само за возила“

Првиот „вистински“ автопат во Германија бил пуштен во употреба на 6 август 1932 година и ги поврзувал Келн и Бон. Буквално преведен, автопатот официјално бил наречен „пат само за возила“. Денес, оваа делница е дел од автопатот А555.

Митови и факти за германските автопатишта

Разбивање на митот за Хитлер

Историчарите потенцираат дека митот оти Адолф Хитлер ја наредил изградбата на првиот автопат во Германија е токму тоа- мит. Автопатот на претходната фотографија (А555) е проект инициран од тогашниот градоначалник на Келн, Конрад Аденауер.

Митови и факти за германските автопатишта

Автопатот 1- шампион

Националните статистики откриваат дека Австралија го има најдолгиот автопат. Нејзиниот Национален автопат (познат и како Автопат 1) е во должина на целиот континент, со вкупно 14 илјади километри.

Митови и факти за германските автопатишта

Извонредна мрежа

Германија, од друга страна, е позната по најгустата мрежа на автопатишта во светот со вкупна должина од 13 илјади километри. Иако тоа претставува само 6 проценти од сите патишта во земјата, речиси една третина од севкупниот сообраќај се одвива по автопатиштата.

Митови и факти за германските автопатишта

Воведување на патарина

Германскиот министер за транспорт Александер Добринт се надева дека воведувањето на патарините ќе донесе околу 500 милиони евра годишно во државната благајна. Противниците на проектот велат дека тоа е мит, имајќи ги предвид огромните трошоци за инфраструктурата потребна за собирање на патарините.

Следете нѐ