1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД ќе тендираат кон зачувување на стабилноста на Балканот

Линдита Арапи
10 февруари 2017

Балканот нема да биде приоритетен за администрацијата на Трамп, но ангажманот на САД во регионот и натаму ќе биде голем, оценува Штефан Лене од тинк-тенк организацијата „Карнеги Европа“.

https://p.dw.com/p/2XKSl
Symbolbild USA Außenministerium Logo Siegel
Фотографија: AP

САД се моќна земја и иако во моментов имаат сосема поинакви грижи, тие нема да го заборават Балканот, оценува за ДВ Штефан Лене од тинк-тенк организацијата „Карнеги Европа“:

„Балканот не е приоритет на новата американска администрација. Тие имаат сосема поинакви грижи - Кина, Мексико, Русија ќе биде важна тема. Мислам дека ангажманот (американскиот на Балканот, н.з.) ќе се намали, но тоа не значи дека и натаму нема да биде голем. Американците имаат огомно влијание во регионот. Ако за тоа не се грижи претседателот, или ако министерот за надворешни работи нема време, тогаш сигурно има некој заменик министер или заменик помошник министер кој ќе се грижи за овие теми и амбасадорите (на САД во регионот, н.з.) и во иднина ќе останат важни актери. Нивната улога ќе остане силна, иако можеби поддршката од Вашингтон нема да биде толкава како досега. “

Deutschland  Stefan Lehne Carnegie Europe Brüssel
Штефан ЛенеФотографија: Stefan Lehne

Во врска со барањата за менување граници и страв од нова војна во регионот, Лене е уверен дека такво нешто нема да се случи:

„Тоа за мене е несфатливо, од едноставна причина што за новата американска администрација тоа нема да биде прироритетна тема. Тие имаат сосема поинакви грижи. Таква некоја нова политика за промена на граници, територијални поместувања, бара многу силен и интензивен ангажман, и со такво нешто апсолутно не треба да се смета. Мислам дека администрацијата на Трамп, кога сосема ќе ја разработи политиката кон овој регион, а тоа сигурно ќе трае со месеци со оглед на тоа што сѐ уште нема избрани луѓе кои би работеле на тоа, тогаш сигурно ќе се оди повеќе во насока на зачувување на стабилноста на регионот, што не е во согласност со политика на менување на граници. Речиси сум сигурен дека американската политика ќе тендира кон зачувување на статус кво.“

Аналитичарот на „Карнеги Европа“ е повеќе загрижен во врска со нешто друго:

„Не сум загрижен дека е можно да дојде до нови конфликти. И натаму сметам дека тоа е релативно неверојатно. Поголема е загриженоста од една општа стагнација, од тоа дека регионот нема да мрда од место, ниту економски ниту во делот на политичките структури и дека преостанатите конфликти кои постојат едноставно и натаму ќе останат нерешени.“