1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аи Вејвеј на слобода

23 јуни 2011

Кинескиот уметник и критичар Аи Вејвеј е ослободан по 82 дена минати во затвор. По неговото ослободување, Аи соопшти дека е дома и дека неговата здравствена состојба е добра.

https://p.dw.com/p/11i2d
Кинескиот уметник по неговото ослободувањеФотографија: AP

Кинеските власти го ослободија уметникот со кауција. Аи Вејвеј „ги признал делата за кои се товарел“ и „ добро се однесувал“, јави државната кинеска агенција Ксинхуа. Како причина за неговото ослободување од затвор, агенцијата наведе дека Аи Вејвеј е хронично болен. Според полициски извори, уметникот бил подготвен да го плати затаениот данок.

Berlin China Mahnwache Künstler Ai Weiwei
Поради апсењето на Аи Вејвеј се одржаа протести ширум светот. Исто така и во германскиот главен град.Фотографија: picture alliance / dpa

Дојче веле имаше можност да разговара со Аи Вејвеј кратко по неговото ослободување. Притоа уметникот и критичарот на владата во Пекинг изјави: „Се’ е во ред, добро сум. Најмалку една година имам условна казна, затоа сега не можам да дадам интервју. Се’ чувствувам сосема нормално. Се’ чувствувам исто, како и пред целата оваа работа.“

Аи Вејвеј засега не смее да го напуши Пекинг. Чине Чан, портпарол на организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнл Хонгконг“, изрази задоволство за ослободувањето на Аи Вејвеј и истовремено нагласи дека и натаму голем број кинески дисиденти се во затвор, меѓу другите и соработници на Аи Вејвеј: „Многу сме загрижени за овие луѓе. Бараме од кинеската влада, колку што е можно поскоро да ги ослободи. Аи Вејвеј не треба да биде ослободен со кауција или на друг начин да биде затворен дома. Властите треба целосно да го ослободат.“

Аи Вејвеј беше упасен на 3. април на аеродромот во Пекинг, кратко пред да полета за Хонгконг. Државата го обвинува дека преку неговата фирма затајувал данок и уништил документи во книговодството. Поддржувачите на уменикот сметаат дека апсењето на Вејвеј беше дел од акцијата против кинеските дисиденти, откако активистите на интернет повикаа на демонстрации во Кина, по примерот на протестите во арапскиот свет.

Автор: Кристоф Рикинг/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски