1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

„Аквариум“ на глава како корона-заштита

СН/дв
19 септември 2020

Ноќниот живот во Токио е еден од главните кластери за ширење на коронавирусот во јапонската престолнина. Градските власти во повеќе наврати ги заоструваа и ги опуштаа рестриктивните мерки за баровите и рестораните. Еден бар во Токио најде начин како да се справи со ваквата неизвесност, која го чинеше 80 проценти од приходите...

https://p.dw.com/p/3iUeB

Секој гостин кој доаѓа во овој бар во јапонскиот главен град, добива своевиден „аквариум“ кој мора да го носи на главата во текот на целиот престој во барот. Акрилните конуси треба да ги заштитат гостите од коронавирусот. Барот повторно беше отворен  кон крајот на јуни, но загуби околу 80% од своите приходи бидејќи клиентите се претпазливи поради ризиците од Ковид-19.