1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ако се исклучи спорот со името односите меѓу Македонија и Грција се извонредени

Нада Штајнман 13 јули 2007

Во Грција денеска владее возбуда, пред се’ медиумска, поради тоа што Европскиот парламент во вчера усвоениот извештај за Македонија, не ги прифати барањата на грчките парламентрци.

https://p.dw.com/p/BFYx
АтинаФотографија: Bilderbox

Додека грчките политичари преку весниците се караат околу прoпустите направени во Европскиот парламент за време на преставувањето на извештајот на Mакедонија, денеска повторно во официјалната грчка политика се забележува трезвеност.

Грчките европратеници не успеале да се изборат за тоа од извештајот за Македонија да се исфрлат деловите со кои се потврдува постоење на македонското малцинство во Грција така гласи една од критиките во весниците.

Тоа денеска се променило тврди во разговор за Дојче Веле новинарот и публицист од Солун, Каки Бали „Г-ѓа Бакојани за време на денешната седница беше опуштена. Таа повтори дека грчката влада решително ќе ја продолжи својата реална политика за да се најде решение во спорот околу името што би било прифатливо за двете страни.“

Бакојани меѓутоа била јасна во ставот дека позицијата на Атина ќе зависи од однесувањето на соседната држава. Каки Бали во врска со тоа вели дека Грција очекува иницијатива од македонска страна но не во смисла на тоа дека еден ден ќе рече, ние нема повеќе да се викаме Република Македонија. Според неа се мисли на некакво решение во билатералните односи. Во тој контекст би можело да се очекува повлекување на одлуката аеродромот во Скопје да се вика Алескандар Македонски.

Во врска со изјавата на Бакојани дека Грција во никој случај нема да дозволи прием на Македонија во НАТО под уставното име, Каки Бали вели дека во грчката надворешна политика кон Македонија во последниве три години ништо не се променило. Официјалната грчка политика се држи на договореното пред четири години на Европскиот самит во Солун дека на целиот Западен Балкан треба да му се даде европска перспектива. „Официјално во Грција никој не сака да го кочи зачленувањето на Македонија во ЕУ. Грчката влада никогаш не рекла ние не сакаме Македонија да влезе во ЕУ .Се вели само дека не под ова име.“

Во Грција вели Каки Бали никој не заборави дека пред 14 години владата на Мицотакис падна меѓу другото и поради македонското прашање. Поради тоа ниту една грчка влада не се обидува да го промени курсот.

Што се однесува до враќањето на грчката амбасадорка Теодора Гросоманиду од Скопје во Атина поради нејзините изјави околу прашањето за името Каки Бали вели дека официјално на амбасадорката и се префрлува дека направила грешка

„Причина за нејзиното враќање е беше што таа направила грешка. Таа не требала тоа да го каже, затоа што тоа не било во рамките на грчката политика.“ Неофицијално меѓутоа веројатно играло улога тоа што не требало да се испраќаат погрешни сигнали во правец на Скопје. Важно е да се покаже дека грчката политика е единствена по прашањето на името.

Инаку во Грција по преименувањето на скопскиот аеродром во Алескандар Македонски расположението во однос на Македонија се влошило но сепак не е толку лошо како пред десет години. Сега можеби и предизборната кампања игра некаква улога што повторно се дига врева околу односите со Македонија. Но двете големи партии Неа Демократија и Пасок во последниве денови избегнуваат проблемот со името да го користат во изборните капмањи вели Каки Бали и додадава дека ако се исклучи спорот со името односите меѓу двете земји се извонредни, пред се’ на економски план.