1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Акција „Диригент“-им „отсвири“ на трговците со дрога

23 декември 2010

Триесет лица во Македонија и 69 во Австрија и Германија, кои пренесувале дрога, се приведени во акцијата „Диригент", која македонската полиција ја изведува во соработка со полициите на Австрија и Германија.

https://p.dw.com/p/Qjif
Голем успех на македонската полиција-МВР во СкопјеФотографија: Petar Stojanovski

Сите приведени се македонски државјани, а се осомничени дека преку нелегални канали пренесувале хероин од Македонија во Виена и Франкфурт. Македонската полиција денеска (23.12.2010) во штабот на МВР од каде била координирана акцијата ги презентираше сите докази на јавноста. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска изјави дека е најважно што во акцијата се уапсени тројцата главни организатори на групата, која ја сочинувале лица на возраст од 18 до 53 години. Двајца од осомничените биле во бегство, а против останатите се поднесени кривични пријави. За групата било карактеристично што функционирала на начин што организаторите ги давале инструкциите телефонски, за тоа каде и на кого требало да се продаде дрогата.

Drogen Heroin Symbolbild
Хероинот завршувал на западниот пазарФотографија: picture-alliance / dpa

Признание за професионално водената истрага

Полициското аташе од Амбасадата на Австрија во Македонија Штефан Тирнер, во име на австриското МВР и Германската Сојузна криминалистичка служба во Визбаден изрази висока почит и благодарност до сите надлежни институции за професионалното водење на истрагата која траела неколку месеци. Приведувањето на осомничените според него не значи дека истрагата е завршена. Во наредниот период ќе бидат анализирани сите запленети докази, изјави Тирнер.

Добро организирана група

Иако не откриле хероин во претресите, доказите кои се обезбедени од снимените телефони, откриени станови и автомобили користени во трговијата со дрога се доволен доказ за полицијата дека осомничените ќе завршат во затвор. Целата група била добро координирана и со прецизно утврдена стратегија на дејствување што ја правело посебна од која било која друга криминална група изјави директорот на бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски. Според проценките, групата која контролирала цели квартови за две години продала дрога вредна околу еден милион евра.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Жана Ацеска