1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Алавитите - сојузници на Асад!?

15 февруари 2012

Неможноста на ОН да се договорат за консензус во однос на Сирија, ја натера Турција да го предводи создавањето на заеднички глас во меѓународната заедница, со обид за ставање крај на конфликтот.

https://p.dw.com/p/143DH
Фотографија: DW

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу позасилено ја дефинираат позицијата на Анкара за неподржување на актуелната влада во Дамаск. Во меѓувреме, сириските бегалци продолжуваат да пристигнуваат во соседна Турција, додавајќи притисок врз трошоците на Анкара.

Der zentrale Markt in Antakya, Türkei
Чаршијата во Антакија, град на југот од ТурцијаФотографија: DW

Додека мнозинството Турци се против крвопролевањето низ Сирија, мислењата во јужните провинции се поделени во однос на претседателот Башар ал-Асад и турската вмешаност во прашањето.

„Турција не треба да се меша во внатрешните работи на Сирија. Турција најпрво треба да си ги реши своите проблеми. Ќе биде подобро ако Турција најде решение, наместо да застанува во опозиција“, вели Шабан Доган, жител на Антикија, град на југот од Турција.

„Јас се согласувам со Башар и го поддржувам. Тој навистина го притиска народот, но читам други вести и слушаме што навистина се случува таму“, додава Ајоуб Дерин.

Алавитите го поддржуваат Асад

А, тоа е ставови и на мнозинството од Алавитите заедницата, која чувствува сила поврзаност со сирискиот претседател. Во моментов има 4 милиони Алавити – муслимани во Сирија, Либија и Турција и тие практикуваат гранка на шиитскиот ислам.

Naccib Moschee in Antakya, Türkei
Оние што доаѓаат на молитва сепак се поделени во однос на Башар ал-АсадФотографија: DW

„Ние ја поддржуваме слободата и мирот, наместо одредена личност. Но, во исто време сме загрижени дека ако замине претседателот Башар ал-Асад, тогаш ќе има геноцид на Алавитите народот од истите крвави раце што ќе го симнат од власт“, смета Али Јерал, шеф на културна фондација на Алавитите заедницата. Тој се противи и на вмешувањето на Турција во проблемот и прашува: „зошто е потребна демократијата само во Сирија“?

„Што е со Саудиска Арабија, каде жените не смеат да гласаат? Кувајт, Бахреин, Оман, Јемен, Јордан – на нив не им треба исто така демократија“, прашува Јерал.

Странско влијание

Поддржувачите на сирискиот режим веруваат во вмешаност на странските влади во обидите за негово соборување, преку помагање на опозицијата.

„Моето мислење е дека ситуацијата во Сирија е добра! Асад е многу добар човек и ние силно го поддржуваме. Луѓето што создадоа хаос во Сирија се лоши луѓе. 100% Америка и Израел стојат зад бунтот во Сирија“, оценува продавачот Реџеп Бакир. А, неговиот став го дели и директорот на општинскиот театар во Антакија.

Fluß Asi in Antakya, Türkei
Турција има амбиција да биде мост меѓу проблемите и решенијата на Блискиот ИстокФотографија: DW

„САД се империјалистичка сила. Сакаат да ги земат под своја контрола помалку развиените земји. Затоа создадоа хаос во Иран, Египет, Либија, а сега истото го прават и во Сирија. Башар ал-Асад со право ја брани земјата од ова“, вели Мустафа Веџдикочак.

Но, заштитата на регионот од напливот на ефекти од бунтот во Сирија е главната грижа на Турција. Додека ОН и Арапската лига се мачат да создадат некакво решение за ставање крај на кризата во Сирија, би можело да се потврди дека е дојдено време Турција да одигра поголема дипломатска улога на Блискиот Исток, како што официјална Анкара и посакува, со или без притоа да има обединета меѓународна поддршка.

Автор: Натали Карни / Александар Методијев

Редактор: Александра Трајковска