1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Алави бара федерализација на Ирак

10 април 2007
https://p.dw.com/p/AgFX

Али Алави , советникот на ирачкиот премиер Нури Ал Малики, го повика Вашингтон да прифати федерално решение за Ирак за да се стави крај на нестабилноста во земјата.

„Време е САД да го преземат водството и всушност да ја завртат својата политика за 180 степени. До тогаш мора да се се признае дека военото решение не е доволно и дека очигледно ирачките политички фракции не може да се помират“, вели Алави. Тој смета дека треба да се заборави идејата оти Ирак, како држава може да функционира без насилство и нестабилност поради што регионално решение е единствено можно. Според него новите регионални власти треба да располагаат со соодветна власт и ресурси, а федералните институции треба да дејствуваат како арбитери меѓу регионите. Овие ставови се и во новата книга на поранешниот министер аза финансии,одбрана и трговија, Алави која се вика “Окупацијата на Ирак“.