1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аларм во Русија: пронајдени мртви тела

ЖА/дв/макфакс/ртре/афп9 јануари 2014

Во Ставропол е дигната тревога - 250 километри од Сочи, каде ќе се одржува Зимската олимпијада, пронајдени се шест човечки тела со рани од оружје. Кога пристигнала полицијата, се случила детонација на експлозив.

https://p.dw.com/p/1Any0
Фотографија: picture alliance/Russian Look

Руските безбедносни сили се ставени денеска на зголемено ниво на подготвеност, откако се откриени шест тела, ккао што јавуваат поново агенциите, со прострелни рани и експлозивна направа во јужниот регион на Ставропол, соопшти портпаролот на регионалните безбедносни сили и истовремено е демантирана информацијата на некои локални медиуми дека е уапсена терористка- самоубиец.

Во Руската Федерација се засилени мерките за безбедност од терористички закани пред почетокот на Зимските олимписки игри коишто ќе започнат во Сочи на 7-ми февруари, особено по двојниот терористички напад во Волгоград кон крајот на декември кога беа убиени 34 луѓе.

Телата се пронајдени ноќеска во четири автомобили во две области во близина на регионалниот главен град Ставропол, што се смета за портата на северен Кавказ, каде што се активни исламистичките терористички групи на териториите на републиките Чеченија, Ингушетија и Дагестан. Покрај едно од возилата била пронајдена и експлозивна направа, соопштил портпаролот на Федералната безбедносна служба (ФСБ) во Ставропол. Другите детали за околностите за убиствата на пронајдените лица не се објавени.

Во меѓувреме повеќе руски медиуми објавија дека на патот кон Харков во автобус била уапсена жена, за којашто се претпоставува дека е бомбаш самоубиец. Наводно таа патувала со дете. Според медиумите, сомнителната жена била приведена, патниците од автобусот евакуирани, а сообраќајот на тој патен правец целосно бил блокиран..

„Таа информација уште не е потврдена. Податок дека е уапсена бомбашка самоубиец нема“, изјавил портпаролот на регионалните безбедносни сили за РИА Новости. Агенцијата Итар-Тасс пишува дека во населбите Кировски и Предгорно биле најдени четири возила со тела на пет застрелани мажи. Уште едно возило било откриено на федералниот автопат „Кавказ“ крај езерото Тамбукан. Истрагата го утврдила идентитетот на тројца возачи, од кои едниот е приватен извозник, вториот е трговец со мебел и третиот е таксист, по кого тревога кренале неговите колеги откако подолг период не се јавувал на радиоврската.