1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанските партии против одлуката на Уставниот суд

Свето Тоевски 28 октомври 2007

Одлуката на Уставниот суд на Македонија за промена на делови од Законот за знамињата наидува на неодобрување кал албанските партии и невладини организации.

https://p.dw.com/p/BxNP
ТетовоФотографија: Petar Stojanovski

Сеуште не се почитува одлуката на Усвтавниот суд за измени во Законот за знамињата. Раководството на ДУИ и официјално донесе одлука сите нејзини градоначалници да не ја почитуваат одлуката. Партијата за демократски просперитет преку соопштение се огласи дека одлуката на судот е неспроведлива. Паритските шефови на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи повикаа на бојкот и го релативизираа функционирањето на самиот уставен суд. Невладини органзации и здуженија најавуваат масовни протести во земјата.