1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Алжир – атентат

7 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BdQb

Атентатор самоубиец вчера однесе во смрт најмалку 15 лица при бомбашкиот напад на истокот од Алжир. Повеќе од 70 лица при тоа се повредени. Според извештаите на алжирските медиуми, атентаторот го активрал експлозивот во маса луѓе кои го чекале претседателот на државата Абделазиз Бутефлика во градот Батна. Тој најостро го осуди нападот и ги обвини исламските бунтовници во земјата дека стојат зад него. Бутефлика истовремено нагласи дека нема никогаш да ја напушти политиката на национално помирување.