1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Али Бабаџан ја потврди намерата на Турција

28 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BxPH

Турскиот министер за надворешни работи Али Бабаџан ја потврди намерата на неговата влада, ако е потребно да употреби и воена сила против курдските бунтовници во Северен Ирак. Постои дипломатски пат за решавање на конфликтот, но и воен рече Бабаџан по средбата со иранскиот министер за надворешни работи Манухер Мотаки. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад повика на мирно решавање на курдскиот конфикт. Мора да се преземат мерки против терористичките активности на Курдската работничка партија, но употребата на армијата не е единственото решение, истакнал Ахмадинеџад во Техеран. Турција се заканува дека ќе навлезе во Северен Ирак, доколку Багдад не може да ги сопре нападите на курдските бунтовници од своја територија.