1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Алонзо победи во Монако

29 мај 2006

Возачот на Вилијамс Рено, Фернандо Алонзо ја освои првата победа во најпрестижната формула 1 трка за големата награда на Монако.

https://p.dw.com/p/Aeib
Фернандо Алонзо
Фернандо АлонзоФотографија: AP

Единствениот кој вчера имаше можност да го загрози беше возачот на мерцедес мекларен Кими Раиконен, кој сепак повторно немаше среќа. Финецот поради проблеми со моторот трката ја заврши предвреме,.Тоа најдобро го искористи неговиот тимски колега Хуан Пабло Монтоја кој на крајот беше втор. Одличен успех направи третопласираниот Дејвид Култхард, кој на својот тим Ред Бул му донесе прво место на победничкиот пиедестал од неговото формирање. Извонредна трка извозе и седумкратниот првак Михаел Шумахер кој иако стартуваше како последен на крај беше пети. Шумахер беше најдобар на квалификациите во саботата кога непосредно пред крајот на квалификациите неговиот болид од непознати причини запре на една од кривините. Шумахер изјави дека предоцна закочил и дека болидот едноставно запрел. Челниците на ФИА по осумчаса состанок одлучија германецот да го казнат со старт од боксот. Од последниот ред стартуваше и неговиот тимски колега Фелипе Маса, заради судир за време на квалификациите. По вчерташната трка во генералниот пласман и натаму води Алонзо со 64 бодови, Шумахер е втор со 43, трет е Џакнарло Физикела со 27 бодови. Во конкуренција на конструктори води тимот на Рено со 91 освоен бод, пред Ферари кој има 63 бодови.