1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ал Каеда демантира поврзаност со атентатот на Беназир Буто

Костадин Делимитов29 декември 2007

Портпарол на Баитула Месуд, шефот на Ал Каеда ги демантираше инмформациите на пакистанските власти. Според него Ал Каеда не напаѓала жени.Ситуацијата во земјата е напната.

https://p.dw.com/p/Chkb
Беназир БутоФотографија: AP
Пакистанските власти претходно изјавија дека терористичката Ал Каеда е одговорна за убиството на Буто. Службите за разузнување добиле информации од еден затворен борец на терористичката мрежа, изјави Џавед Чема портпарол на министерството за внатрешни работи во Исламабад.

„ Имаме разузнавачки информации кои покажуваат дека лидерот на Ал Каеда Баитула Месуд стои зад убиството. Имаме аудио запис кој е снимен утринава на кој јасно се слуша како Месуд им честита на своите луѓе за извршувањето на овој кукавички чин„

Истрагата вели дека Буто не починала од куршум

Последните резултати од истрагата покажале дека Беназир Буто не починала како последица од пукањето или шрапнел од експлозијата, туку од фрактура на черепот по удар во покривот на нејзиниот автомобил. Агенциите пренесуваат изјава на близок соработник кој тврди дека видел прострелна рана во нејзината глава непосредно по атентатот.

Инаку 54 годишната Буто беше погребана во семејната гробница во провинцијата Сид. На церемонијата беа присутни повеќе од 100.000 луѓе. Ја загубивме нашата мајка, останавме сираци изјави еден од пристуните. Многумина од нив стравуваат за иднината на земјата:

„ Идните генерации нема да ја заборават оваа трагедија. Не сакам нашата земја да се распадне. Доколку таа постои ќе постоиме и ние„

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс, која синоќа во пакистанската амбасада во Вашингтон се потпиша во книгата на жалост за убиената Буто изјави:

„ Ова е ден на голема трагедија, на голема тага. Таа беше шампион на демократијата, голема жена. Верувам дека нејзиното наследство ќе биде она што ќе се памети. Како што изјави претседателот на Буто ќе и се одаде признание преку продолжување на демократските процеси во Пакистан„

Продолжуваат немирите

Инаку по атентатот на Буто во Пакистан дојде до големи демонстрации кои прераснаа во насилни судири во кои загинаа 33 лица. Полицијата и војската добија наредба доколку е потребно да стрелаат:

„ Ги преземаме сите мерки за воспоставување на редот и мирот. Сепак разбираме дека емоциите надвладуваат„ изјави портпарол на министерството за внатрешни работи Пакистанските власти и покрај убиството на Буто планираат изборите да ги одржат на 8 јануари. Шефот на преодната влада Мохамедмиан Сомро изјави дека засега нема план за откажување на терминот „ Мораме за ова да разговараме со сите партии и потоа ќе одлучиме. Но сега во овој момент останува дека изборите ќе се одржат според планираното„ Политичарот од редовите на опозицијата Наваз Шариф, веќе соопшти дека неговата партија ќе ги бојкотира изборите.