1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ал Каеда освои град во Јемен

17 јануари 2012

Екстремистите на терористичката организација освоија град на 160 километри од главниот град на Јемен, Сана. Ал Каеда и досега контролираше повеќе градови на југот на Јемен, но сега се приближи до главниот град.

https://p.dw.com/p/13kg9
Јемен

Екстремистите на Ал Каеда успеале да го освојат градот Рада на 160 километри јужно од главниот град на Јемен, Сана. Околу 200 борци на терористичката организација вчера успеале да навлезат во градот и притоа ги зазеле позициите на армијата, го освоиле локалниот затвор и ослободиле најмалку 150 затвореници.

Освојувањето на Рада придонесе за значително проширување на територијата под контрола на екстремистите, кои ја користат предноста поради слабата централна власт и политичките немири кои го зафатија Јемен по почетокот на арапската пролет, минатата година.

Ал Каеда и досега контролираше повеќе градови на југот на Јемен, но со освојувањето на Рада се приближија уште поблиску до главниот град Сана.

Јемен е најсиромашната држава во арапскиот свет. Веќе долго се стравува дека хаосот во таа земја, доколку излезе од контрола, би можел да доведе до поделба на државата по племенски и регионални линии, а екстремистите би ги контролирале непристапните планински делови од земјата.

Автор: БГ/ АТ/ ап/бета

Редактор: Жана Ацеска