1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Аманда Нокс ослободена од затвор

4 октомври 2011

По четири години минати во затвор во Италија, Американката Аманда Нокс беше ослободена од обвинението за убиство

https://p.dw.com/p/12lBB
Аманда НоксФотографија: AP

Апелационeн суд во италијанскиот град Перуџа ја ослободи американската студентка Аманда Нокс од обвинението за убиство и сексуално искористување. 24-годишната Американка беше во затвор поради сомнението дека заедно со својот поранешен пријател Рафаеле Солецито на бестијален начин злоупотребиле и убиле своја британска колешка во 2007 година. Мередит Керчер од Коулсдон ја делела куќата со Нокс за време на престојот во земјата, според програмата за размена на студенти од Универзитетот Лидс. Обвинителите наведоа дека таа била убиена во брутална сексуална игра која тргнала на лошо. Нејзиното грло било пресечено и таа била силувана. Семејството на Нокс посочи дека вистинската жртва е „комплетно заборавена“ со оглед на медиумскиот фокус на Нокс.

Во неодамнешното интервју за италијанската телевизија, нејзината сестра Стефани изјави: „Во овие четири години Мередит беше комплетно заборавена. Но, ние мора да дојдеме до правдата заради неа, ние мора да ја откриеме вистината за неа“.

Во првиот процес Аманда Нокс беше осудена на 26 години затвор, иако го одрекуваше делото. Ослободен е и Рафаеле Солецито. Обвинителството има право на жалба пред највисокиот Апелационен суд во Италија.

Автор: ЖА/дв

Редактор: Симе Недевски