1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Амбасадорите на ЕУ не се договорија за Македонија

АТ/ миа8 декември 2012

Советот за општи работи на ЕУ ќе треба да одлучи дали и кога Македонија ќе ги почне пристапните преговори за членство во ЕУ. Амбасадорите на земјите-членки на Унијата не успеаја да ги договорат заклучоците за Македонија.

https://p.dw.com/p/16yRZ
Two men bind E.U. And Macedonian flags in front of the Government building, in Macedonia's capital Skopje, celebrating the recommendation of European Commission to open accession talks with Macedonia, Wednesday, Oct. 14, 2009. The EU Enlargement Commissioner Olli Rehn, earlier Wednesday said the European Commission is recommending that the EU opens membership talks with Macedonia. (ddp images/AP Photo/Boris Grdanoski)
Mazedonien EU FlaggenФотографија: AP

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на вечерашната средба, пред состанокот на Советот за општи работи, каде министрите за надворешни работи и за европски прашања на земјите-членки ќе ги дефинираат заклучоците, кои Европскиот совет на Самитот ќе треба само да ги потврди, траеше повеќе од седум часа и повторно заглави околу точката за Република Македонија. Според информации на агенцијата МИА, амбасадорите не можеле да дојдат до консензус и според портпаролот на Кипарското претседателство со ЕУ, Никос Христодулидис, дали Македонија ќе почне да преговара за членство во Унијата ќе се дознае во вторник. „Нема договор во врска со Поранешната Југословенска Република Македонија“, изјави Христодулидис.

Во предлог-верзијата, во која имаше увид дописникот на МИА од европската престолнина, се препорачува следното: Европскиот совет во голема мера ја дели проценката на Европската комисија дека политичките критериуми продолжуваат доволно да се исполнуваат и обрнува внимание на препораката да се отворат преговорите за пристапување со Поранешната Југословенска Република Македонија. Со оглед на можното отворање на пристапните преговори со Поранешната Југословенска Република Македонија во јуни 2013 година, Советот ќе го испита напредокот во спроведувањето на реформите во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), врз основа на извештајот што би бил претставен од страна на Комисијата во првата половина на 2013 година. Комисијата се поканува да поднесе навремен предлог за рамка за преговори со Поранешната Југословенска Република Македонија во согласност со заклучокот на Европскиот совет од декември 2006 година и воспоставената практика, која исто така ги зема предвид добрососедските односи, се предвидува во нацрт-верзијата.

Во врска со односите со соседите, нацрт-верзијата предвидува дека одржувањето добрососедски односи, вклучувајќи ја и потребата за изнаоѓање компромисно и заемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на Обединетите нации, останува од суштинско значење. - Постои потреба да се донесат долготрајните разговори за прашањето за името до дефинитивен заклучок без одлагање. Советот го поздравува импулсот, кој е генериран од последните контакти/размена меѓу двете страни, по грчкиот предлог-меморандум за разбирање. Советот, згора на тоа е охрабрен и од последните контакти со посредникот на ОН, се наведува во ова нацрт-решение.

DUBLIN, IRELAND - APRIL 30: Flags of the European Union countries are gathered together ahead of the EU enlargement ceremony April 30, 2004 in Dublin, Ireland. Ten new nations, Cyprus, Czech Republic, Estonia, Hungary, Latvia, Lithuania, Malta, Poland, Slovakia and Slovenia will tomorrow become members of the EU, in the biggest expansion of the Union since it began. (Photo by Ian Waldie/Getty Images)
Symbolbild EU-ErweiterungФотографија: Getty Images

Притоа, во можниот заклучок од овој предлог се наведува најчесто споменувата варијанта за Македонија досега, а тоа е почеток на т.н. скрининг-процес со отворање на поглавјата 23 и 24. - Водејќи сметка за нов пристап кон пристапните преговори што се однесува на поглавјата за судството и основните права и правдата, слободата и безбедноста, Комисијата исто така се поканува да спроведе процес на аналитички преглед на законодавството на ЕУ за овие поглавја, гласи предлогот.

Оваа нацрт-верзија на можен заклучок, што не мина ниту вчера (07.12), а чија судбина е неизвесна и за состанокот во вторник на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, се вели дека Советот го поздравува напредокот постигнат во голем број клучни политички области, вклучително и во однос на законската рамка за избори, во областа на слободата на изразување и јавната администрација во нашата земја.