1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американската компанија „Џонсон Контролс“ отвори фабрика во Македонија

Александар Чомовски 12 декември 2007

Во слободната економска зона Бунарџик, денеска е отворена фабрика за автомобилски делови на компанијата Џонсон Котролс. Брисел и Вашинготн и натаму бараат од Македонија исполнување на политичките приоритети.

https://p.dw.com/p/Cam4
Во Бунарџик крај Скопје ќе се произведуваат резервни делови за автомобилиФотографија: AP

Во Бунарџик крај Скопје денеска е отворена првата, фабрика на мултуинационалната компанија Џонсон Котролс. Привлекувањето странски инвестиции и економскиот амбиент се главните аргументи на премиерот Никола Груевски, наспроти жестоките барања од Брисел и Вашингтон за реализирање на 15 политички приоритети. Премиерот одбегна да ги кометира последните неповолни оценки од ЕУ за Македонија. Властите во Скопје продолжуваат и со приведување на поранешни функционери осомничени за криминал.