1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американскиот „Дрим тим“ урива рекорди на ОИ

БГ/миа/ап3 август 2012

Американските кошаркари остварија рекордна победа над репрезентацијата на Нигерија со постигнати 156 поени и разлика од 83 коша.

https://p.dw.com/p/15jGh
Фотографија: Getty Images

Американскиот кошаркарски „дрим тим“ оствари рекордна победа против Нигерија на Олимписките игри со156:73. Со овој резултат е надминат рекордот од 138 поени постигнати поени на Бразил против Египет од ЛОИ 1988 (Сеул), потоа рекордни 78 поени во првото полувреме (Бразил – Кина во Сеул , „кариоките“ постигнале 72), како и најголема разлика од 83 поени која досега важеше од 1956 година (САД – Тајланд 101:29).

Американците го урнаа и рекордот во бројот на постигнати шутеви за три поени на еден меч. Големите фаворити погодија дури 29 тројки од 46 обиди. Најефикасен играч на мечот беше Кармело Ентони со 37 поени, а покрај него во тимот на САД се истакнаа и Расел Вестбрук со 21, Коби Брајант со 16 и Кевин Лов со 15 поени. Кај Нигеријците, најефикасен беше Ике Диогу со 27 поени.

На другите два натпревара од 3.коло во А групата: Франција ја совлада Литванија со 82:74, а Аргентина – Тунис со 92:69.

Табела А група: САД 6 бодови, Аргентина и Франција по 5, Литванија и Нигерија по 4, Тунис 3.

Европскиот првак Шпанија постигна минимална победа во натпреварот од 3.коло од Б групата против домаќинот Велика Британија со 79:78.

Победа од еден поен разлика (75:74) оствари и Русија во дуелот со Бразил благодарение на „тројката“ на Витали Фридзон во последните секунди. И ова беше натпревар од Б групата, каде Австралија беше убедлива во дуелот со Кина – 81:61.

Табела Б група: Русија и Шпанија по 6, Бразил 5, Австралија 4, Велика Британија и Кина по 3.