1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американскиот претседател со пофалби за Македонија

Соња Петрушевска27 октомври 2005

Македонската владина делегација предводена од премиерот Владо Бучковски го заврши официјалниот дел од посетата на САД. Американскиот претседател Џорџ Буш со полна уста пофалби и благодарност за улогата и реформите кои ги прави Македонија на патот кон НАТО и ЕУ.

https://p.dw.com/p/AcBi
Белата куќа во Вашингтон
Белата куќа во ВашингтонФотографија: AP

САД го цени напредокот на реформите во Македониоја потребни за приближување во НАТО. Ваквиот став на Америка го пренесе лично претседателот Џорџ Буш по средбата со македонскиот премиер Бучковски. Ви честитам за прогресот рече Буш. На средбата која траеше половина час во овалната соба на Белата куќа, Буш и Бучковски се согласиле дека влезот на Македонија во НАТО но и кандидатурата за влез во Европската унија ќе помогнат регионот да го направи последниот чекор кон Европа. Бучковски на Буш му се заблагодари за признавањето на уставното име. Тој вети дека Македонија ќе има конструктивна улопга на Балканот посебно сега кога Белград и Приштина заедно со меѓународната заедница ги започнуваат преговорите за финалниот статус на Косово. Првиот човек на Америка е задоволен од поддршката што Македонија ја дала во војната против териоризмот но и од имплементацијата на рамковниот договор. Му покажавте на целиот свет, дека луѓе од различни култури и минато може да живеат заедно во мир, рече Буш.

Рамсфелд оптимист за влезот на Македонија во НАТО

Оптимист за влезот на Македонија во НАТО во 2008 е и америкаснкиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд. Тој сепак потсети дека одлуките во НАТО не се суд на една земја туку се донесуваат со консензус. На средбата со Рамсфелд Бучковски побарал на самитот на НАТО во 2006та, во завршниот документ да се потврди дека Македонија ќе биде членка на НАТО на наредниот самит за проширување. Рамсфелд го изненади македонскиот државен врв кога синоќа дојде и на отварањето на македонската амбасада. Со ова заврши официјалната посета на премиерот на Америка. Заминува со баскет, кој си го разменија со американскиот претседател. Буш му подари на Бучковски баскет со македонското и американското знаме, а Бучковски со потписите на тројцата премиери од Јадранската група.