1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американско –руски несогласувања околу ракетниот штит

13 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bqc5

Американските планови за ракетен одбранбен систем во Источна Европа и натаму ги оптоваруваат односите меѓу Русија и САД. Рускиот претседател Владимир Путин при средбата со американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс и американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс по повтори противењето на овие планови.Вашингтон со нив ги загрозува врските со Москва,рече Путин.На почетокот на средбата тој го доведе во прашање договорот за разоружување,кој предвидува забрана за стационирање атомски ракети со краток и среден дострел.Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја отфрли понудата за заедничко користење на радарскиот систем во Азербејџан.