1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американско –руски преговори

13 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bqdu

САД сакаат,според зборовите на американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс,потесно да соработуваат со руската армија.На крајот на неговата посета на Москва тој пред руските офицери рече дека двете земји се наоѓаат пред многу заеднички предизвици.Затоа мора да биде постигната клима на доверба и транспарентност.Вчера средбата на Гејтс и американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс со рускиот претседател Владимир Путин заврши без помирување.Путин го повтори противењето против изградбата на американски одбранбен ракетен штит во Источна Европа.Тој се закани со раскинување на договорот за разоружување со САД,кој предвидува забрана за стационирање атомски ракети со краток и среден дострел.