1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американците го слават Денот на независноста

4 јули 2004
https://p.dw.com/p/AcMT

Американската нација денеска е зафатена со поставувањето на камен темелникот за нов облакодер на "граунд зеро", местото каде до 11 септември 2001-та се креваа кулите близначки на Светскиот трговски центар. Новата зграда треба да биде висока 541 метар, односно 1776 стопи. Токму во 1776-та година на денешен ден беше прогласена независноста на новата држаавна творба. Ова дело на славниот американски архитект Даниел Либескинд треба да биде нов симбол на слободарскиот и непобедлив дух на нацијата:

“Кулата треба да го обнови пејсажот на облакодерите на Њујорк. Со нејзината голема антена, со ресторанот и платформата за туристи на 110-тиот спрат, таа треба да биде нешто драматично, нешто што ги допира душата и срцата на овој голем град и на оваа голема земја“ - изјави архитектот Либескинд. Неговото ремек дело треба да биде завршено до 2009-та и да стане највисока зграда на светот.