1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американците никако да се договорат

16 јули 2011

Во острата дебата околу подигањето на максималната граница на државно задолжување на САД решение и натаму не е на повидок.

https://p.dw.com/p/11wX6
Фотографија: picture alliance/dpa

Американскиот претседател Барак Обама предупреди дека времето за постигнување компромис станува се‘ пократко. Претходно, тој ги повика лидерите на демократите и републиканците да најдат заеднички јазик околу начините за намалување на државните долгови. Тие треба уште во текот на денешниот ден (16.07) да сигнализираат дали се подготвени на компромис и спогодба.

Со цел намалување на државниот дефицит, опозициските републиканци го условуваат подигањето на максималната граница на државно задолжување со кратења на социјалните издатоци. За разлика од нив, пак, Обама и неговите демократи бараат зголемување на даноците за богатите. Доколку преговорите меѓу двете страни завршат со неуспех, САД најрано на 2. август не би биле во состојба да ги плаќаат своите долгови. Моментално границата на задолжување изнесува 14.2 илјади милијарди долари и таа е веќе одамна надмината.

Автор: ТТ/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска