1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Амнести предупредува на злоставување на затвореници во Авганистан

13 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CAsJ

Организацијата за заштита на човековите права Амнести Интернешнал ги повика НАТО силите во Авганистан да не ги предаваат уапсените на локалните власти. Во извештајот на оваа организација се наведува дека постојат информации за малтретирање и злоставување на затворениците. Амнести вели дека и покрај ваквите информации НАТО продолжил со предавање на затворениците на авганистанските служби. Портпарол на Алијансата ги отфрли ваквите тврдења. Партијата на Зелените и Либералите во Германија во врска со информациите побараа објаснување од сојузната влада, со оглед на фактот дека во тамошните апсења учествуваат и војници на Бундесверот.