1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анан бара мерки против Сирија во Советот за безбедност

БГ/макфакс14 јули 2012

Наспроти барањата за построги санкции и интервенција по најновите вести за масакри во делови на Сирија, Советот за безбедност не може да се договори за мерките, пред се’ поради противењето на Русија

https://p.dw.com/p/15XjC
Фотографија: Reuters

Генералниот секратар на ОН и неговиот специјален пратеник за Сирија, Кофи Анан го повикаа Советот за безбедност на светската организација да се заканат со можни последици поради продолжувањето на континуираната борби и убиствата на цивилите во земјата во

која 16 месеци се водат крвави борби меѓу власта и опозицијата.

Директен повод за обраќањето на специјалниот пратеник за Сирија на ОН и на Арапската лига, Кофи Анан во петокот навечер беше масакрот во селото Тремсех од петокот наутро, а во писмото испратено до Советот за безбедност на ОН, Анан се задржува на повторното користење на хеликоптерите, тешкото вооружување и артилеријата во борбите кај селото во западната покраина Хама, со што се кршат обврските на Дамсак ветени во врска со неговиот мировен план.

„Трагично, сега имаме уште еден потсетник за тоа дека резолуцијата на Советот за безбедност и натаму се крши“ го цитира Ројтерс дел од писменото обраќање на Анан до Советот за безбедност на ОН, во кое агенцијата наведува дека се истакнува оти во средата го повикал Советот за безбедност да испрати порака на предупредување за тоа дека за непочитување на одлуките ќе се трпат последици.

„Тоа е императивот кој би требало што поитно да биде реализиран во атмосферата на поледните случувања“, се додава во писмото на Анан. „Ја осудувам ескалацијата на насилството во најостра форма ... и го повторувам мојот повик до земјите членки на Советот да инсистираат на спроведувањето на неговата резолуција и да ги преземат неопходните

колективни мерки во согласност со Повелбата на ОН“, се вели во писмото на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун до Советот што го цитира РИА Новости.

Две резолуции во ОН

Во моментов, во Советот за безбедност се разгледуваат две нови нацрт-резолуции, британската која одржи закани за воведување санкции за Сирија доколку веднаш не престанат борбите и убивањата на цивили, - и руската којашто предлага продолжување на набљудувачка мисија во земјата и наложување дијалог меѓу власта и опозицијата поради зачувување на сириското општество во целина.

Syrien Massaker
Предградие на уништениот град ХомсФотографија: Reuters

Ноќта кон петокот претставници на различни сириски опозициски групи известија дека, како резултат на бомбардирањето на селото Тремсех од страна на владината армија на Сирија според различни процени загинале меѓу 100 и 220 цивили. Сириската државна агенција САНА, пак, соопшти дека во битката за контрола над селото загинале тројца војници. Одговорноста за масакрот државната сириска телевизија ја префрли врз „вооружените терористички групи".

Во петокот, агенцијата САНА објави дека во „терористичките напади" врз Тремсех загинале повеќе од 50 луѓе. Подоцна набљудувачи на мисијата на Обединетите нации во Сирија објавија дека борбата во селото продолжиле, со употреба на хеликоптери и тешко оружје.

Подоцна во петокот AFP пренесе дека опозициската Слободна сириска армија (ССА) соопшти дека речиси сите загинати во селото Тремсех во западната сириска провинција Хама, биле припадници на анти-владините вооружени групи. Оваа информација во изјава за АФП ја потврдил и претставник на Сириската опсерваторија за човекови права (OSDH) со седиште во Лондон, чии информации западните медиуми ги сметаат за веродостојни, додека руското министерство за надворешни работи ја проблематизира валидноста на неговите информации изразувајќи сомнеж во компетентноста на првите луѓе на Опсерваторијата.