1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анан во Бејрут

Улрих Лајдхолт29 август 2006

Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, ги повика сите страни во блиско-источниот конфликт да ја искористат шансата за траен прекин на огнот во Либан. По разговорите со либанскиот министер за надворешни работи, Фауси Салух, Анан во Бејрут говореше за многу критично време за таа земја. Анан во рамки на турнејата во регионот ќе ги посети и Израел, Сирија и Иран.

https://p.dw.com/p/Adxx
Кофи Анан
Кофи АнанФотографија: AP

Пред да слета во Бејрут, генералниот секретар на ОН, ги замоли пилотите да направат уште еден круг над градот, за со свои очи да види колкави се оштетувањата на либанскиот главен град од страна на израелската авијација. И, речиси уште нестапнат на бејрутска почва, изјави дека е ова критична фаза за Либан. Затоа, неговата посета е со цел на земјата и владата да им ја изрази солидарноста на светот: “Мислам дека е важно да разговарам лично со либанското раководство по крајот на војната и да ги разгледаме неопходните мерки за спроведување на резолуциите на ОН.“

На раководството во Бејрут, на разговорите со Анан му е пред се до тоа што е можно побргу да биде укината воздушната блокада и блоката на поморските патишта од страна на Израел и повлекување на израелската армија од Јужен Либан. Ваквиот став има поддршка од генералниот секретар на ОН: “Од моите израелски партнери за разговор барам итно да ја укинат блокадата врз Либан. “

Што се однесува до судбината на киднапираните израелски војници од страна на Хезболах, Анан рече: “Обновен е мојот повик за ослободување на киднапираните војици, кои прво треба да му бидат предадени на Цвениот крст, а потоа на либанската влада или на некоја трета страна. ОН се подготвени, доколку тоа се побара, да дадат помош. Ќе мора да се зафатиме и со проблемот на сите други затвореници.“

Зачната е и темата контрола на сириско-либанската граница. Двете страни се единствени дека тоа не треба да го прават војници на ОН. Против е и Сирија. Тоа не го предвидува ни резолуцијата на ОН 1701, но Израел тоа упорно го бара. Само така, според Израел, може да се запре транспортот на оружје за Хезболах. Лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, пред посетата на Анан, упати умерени изјави во насока на тоа дека доколку го предвидел обемот на израелските напади немало да се случи киднапирањето на двајцата израелски војници, кое беше повод за 34 дневната војна.