1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анан: Мисијата во Сирија не смее да пропадне

11 март 2012

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија Кофи Анан денеска (11.03) по втор пат се сретне со сирискиот претседател Башар ал-Асад. Тој изјави дека напорите за мир се тешки, „но мора да се надеваме“.

https://p.dw.com/p/14IxO
Фотографија: picture-alliance/dpa

Состојбата во Сирија е толку „лоша и опасна“, шти мисијата не смее да пропадне, рече специјалниот пратеник на ОН за Сирија Кофи Анан денеска во Дамаск. Анан на Башар ал-Асад вчера му претстави повеќе предлози за запирање на насилството во Сирија, но доби негативен одговор. Асад отфрли преговори со опозицијата во земјата. Освен тоа, специјалниот пратеник на ОН на разговорите во Дамаск побара и непречен пристап за хуманитарните организации до луѓето на кои им е потребна помош, како и ослободување на политичките затвореници. Сирискиот претседател, од своја страна, на средбата нагласил дека дијалогот нема да има успех се‘ додека „терористички групи“ напаѓаат цивили и војници и работата на дестабилизација на земјата.

Syrien-Sonderbeauftragter Kofi Annan mit Präsident Bashar al-Assad in Syrien
Фотографија: Reuters

Анан во Дамаск вчера се сретна и со претставници на опозицијата, кои како услов за почеток на дијалог со режимот го поставија повлекувањето на владините трупи од градовите и ослободувањето политички затвореници. „Без прекин на огнот не можеме да зборуваме за политички процес“, изјави опозиционерот Абдел Азис ал-Хеир за агенцијата АФП.

Инаку, во очекување на новата средба на Анан и Асад, во Сирија продолжуваат судирите во Идлиб. По жестоките бомбардирања и борби со бунтовниците, владините трупи вчера влегоа во градот. Според сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, во Идлиб биле убиени 15 цивили и 16 бунтовници. Во целата провинција Идлиб, само во текот на вчерашниот ден, загинале 55 луѓе.

Автор: ЕМФ/афп/дпа/дапд

Редактор: Жана Ацеска