1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Ангела Меркел: Дизел-канцеларка

Сабине Кинкарц
28 мај 2018

Во Хамбург наскоро стапуваат во сила забрани за дизел-возила, први во Германија. Ова е само почеток на слични забрани и во други места во земјата. Канцеларката сепак и натаму ја заштитува автомобилската индустрија.

https://p.dw.com/p/2ySCz
Belgien - EU-Gipfel - Angela Merkel im Auto
Фотографија: Reuters/A. Oikonomou

Започна. Од 31 мај во делови на Хамбург ќе биде забранет сообраќај за постарите дизел-возила, оние кои не го исполнуваат стандардот Еуро 6. Другите градови би можеле да го следат овој пример. Оваа одлука е заснована на пресудата на Сојузниот управен суд- оти квалитетот на воздухот има приоритет над слободата на мобилност.

Тоа, исто така, е мислење и на Комисијата на ЕУ: Европскиот суд поради загаденост на воздухот тужеше 6 земји членки, вклучувајќи ја и Германија. Комисијата се повикува на граничните вредности на ЕУ за азотни оксиди, кои од 2010 година се обврзувачки за сите земји од ЕУ. Осум години подоцна, Германија и натаму е далеку од исполнување на овие стандарди. Нивото на азотни оксиди е превисоко во околу 70 германски градови. Значи, германската сојузна влада малку стори навремено да ги спроведе барањата на ЕУ. 

Повеќе:

-Загаден воздух: Срамота за Германија!

-Ќе се задуши ли Македонија со старите германски дизели?

-Забрана за дизел - жолт картон за еколошки совесната Германија

Политички неуспех

Електричните автомобили и натаму се егзотика на германските патишта, бидејќи не се атрактивни за потенцијалните купувачи: недостаток на инфраструктура за полнење, а и струјата е скапа во Германија. Премиите за купување и даночните олеснувања дојдоа предоцна и не се доволни.

Fahrverbot für Diesel-LKW
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Bockwoldt

Никој не се осмели да се обиде да го намали сообраќајот во Германија- земјата на автомобили. Зошто? Зарем автомобилската индустрија не вети дека ќе ја заштити климата, и оти квалитетот на воздухот и мобилноста на граѓаните ќе ги решава истовремено?

Со години политиката се потпираше на ветувањата на босовите од автомобилската индустрија. Дизел-возилата се сметаа добри за климата бидејќи поради помалата потрошувачка на гориво позитивно влијаат на биласот на СО2. Индустријата вети и „чисти“ мотори кои емитуваат помалку азотни оксиди. На крајот излезе дека тоа било лага.

Две години по т.н. „дизел-гејт“ во САД, излезе и оти се погодени сите германски производители: БМВ, Ауди, Порше тоа веќе го признаа, Дајмлер сѐ уште не. Но, може ли да му се верува?

Меркел се лути, но и натаму ги штити

„Едноставно е неверојатно, колку доверба прокоцка германската автомобилска индустрија во врска со дизел скандалот“, рече неодамна канцеларката во Бундестагот. Меѓутоа, босовите од автомобилската индустрија не мораат да се плашат од последици- од страна на канцеларката.

Ангела Меркел реагира како некој кој чии штитеници направиле грешка. Таа реагира, но и натаму е на нивна страна. „Не може да биде во наш интерес политичките мерки да ја ослабат автомобилската индустрија така што веќе ќе нема моќ да инвестира во иднината“, рече во истиот говор канцеларката.

Автомобилската индустрија обезбедува околу 800.000 работни места во Германија и е застапена со речиси една петтина во вкупниот извоз. Местата со производни погони на автомобилските концерни се меѓу најбогатите во земјата. Тоа би требало да остане така.

Ќе биде скапо, но не и за производителите на автомобили

Оние кои страдаат поради загадениот воздух и потрошувачите кои купуваа дизел-возила, а веќе не можат да ги возат каде што сакаат, поминаа лошо. Како веројатно и даночните обврзници- ако Европската комисија го добие процесот, Германија ќе мора да плати високи парични казни.

Меркел смета дека е бесмислено техничко подобрување на старите дизел возила, за да можат да ги исполнат стандардите. „Илјадници евра- 2000, 3000 или 5000, и две три години работа за многу инженери... Дали е тоа вистинската работа за автомобилската индустрија?“, праша таа во Бундестагот, не оставајќи никакви сомнежи, што за тоа мисли.

Блискиот однос меѓу канцеларката и автомобилската индустрија не е ништо ново. И Герхард Шредер, кој беше во надзорниот одбор на Фолксваген, пред да стане канцелар во 1998 година, имаше прекар „авто-канцелар“. Со доаѓањето на власт во 2005 година, таа титула од него ја презеде Ангела Меркел.

Таа никогаш не беше за забрани за дизел-возилата. Сепак тие почнуваат да стапуваат во сила- против нејзината волја. Тешко дека ќе превземе политичка одговорност за тоа. Оваа е шлаканица за милиони граѓани. Дури 60 насто од возилата кои Ауди, БМВ, Мерцедес и Фолксваген ги проадоа во Германија во приодот од 2011 до 2015 година беа дизел-автомобили.

За разлика од демохристијаните од ЦДУ и ЦСУ, СПД се залага за обврска за производителите на автомобили да го надградуваат својот хардвер кај дизел-возилата од постар тип. Извештаите покажуваат дека тоа е изводливо и економски издржливо.

Berlin Kanzleramt Protest nach Diesel-Gipfel
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken

Канцеларката и министерот за сообраќај од редовите на ЦСУ, а и автомобилската индустрија, продолжуваат да играат на факторот време. „Само купувањето на модерни и чисти дизел-возила би довело до зголемување на квалитетот на воздухот во наредните години“, вели Здружението на автомобилската индустрија на Германија.

Итна програма за чист воздух

Ние сме на многу добар пат“, рече канцеларката, укажувајќи заедно со министерот за сообраќај на итните мерки за чист воздух, со кои политиката сака да им парира на обвинувањата од Европската комисија. Германската влада воспостави програми за помош на општините 'без преседан'“, нагласи Меркел.

Затоа канцеларката сега сака да се заврти кон иднината. „Зарем не треба да ги здружиме сите сили и на автомобилската индустрија да ѝ кажеме: сега мора да инвестирате во иднината на мобилноста, автономното возење, во алтернативни погонски системи, а ние ќе ве поддржиме?“, прачува канцеларката. 

Правниот епилог на дизел- аферата веројатно помалку ја интересира Ангела Меркел. Зашто од тоа се погодени само поединечни менаџери, а не толку важната автомобилска индустрија. Обвинителите во Германија во моментов водат истрага против 50 осомничени лица- обвиненение сѐ уште не постои.

 

Kinkartz Sabine Kommentarbild App
Сабине Кинкарц новинарка на ДВ