1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ангела Меркел и Џо Бајден отвораат нова страница

ЖА / агенции
26 јануари 2021

Германската канцеларка и новиот американски претседател во нивниот прв телефонски разговор се заложиле за меѓусебна поддршка во соочувањето со меѓународните предизвици. Меркел го поканила Бајден да ја посети Германија.

https://p.dw.com/p/3oQYv
Bildkombo Angela Merkel und Joe Biden

Меѓународната безбедност, трговијата и климатската политика, како и пандемијата на коронавирус биле во фокусот на првиот телефонски разговор меѓу Ангела Меркел и Џо Бајден откако тој ја презеде функцијата. Канцеларката му ветила на новиот американски претседател соработка во совладувањето на меѓународните предизвици, соопшти владиниот портпарол Штефан Зајберт. Меркел го поканила Бајден да ја посети Германија кога ситуацијата со пандемијата тоа ќе го дозволи.

Бајден планира продлабочување на односите со Германија

Меркел ја истакнала подготвеноста на Германија да преземе одговорност во премостувањето на глобалните проблеми заедно со европските и трансатлантските партнери. Како што истакна Зајберт, канцеларката и американскиот претседател се согласни во ставот за неопходност од засилување на меѓународните напори за надминување на пандемијата на Ковид-19. Меркел го поздравила враќањето на САД во Светската здравствена организација, како и одлуката на Бајден земјата повторно да пристапи кон Парискиот договор за климата.

Повеќе на темата:

Нов почеток на трансатлантските односи со Бајден?

„Најлошиот претседател на САД на сите времиња“

Нов почеток со Вашингтон

Меркел со честитки за Бајден и Харис: „Америка е и останува нашиот најважен сојузник“

Белата куќа од своја страна ја соопшти желбата на Бајден за продлабочување на односите меѓу САД и Германија. Двајцата државници се уверени во значењето на глобалната кооперација и мултилатералните организации во борбата против климатските промени и корона-пандемијата, како и во напорите за трајно опоравување на светската економија од корона-кризата.

Опстојување на трансатлантското партнерство

Според Белата куќа, Бајден ја потенцирал намерата за заживување на трансатлансткиот сојуз, меѓу другото и преку односите на САД со НАТО и ЕУ. Бајден во трансатлантското партнерство гледа „столб на нашата колективна безбедност и заедничките демократски вредности“. Меркел и Бајден дискутирале и на одделни надворешно политички теми како Кина, Русија, Украина, Авганистан и Иран.

Под водството на претходникот на Бајден, Доналд Трамп, односите меѓу САД и Германија беа во знакот на силни тензии. Трамп постојано агресивно ја критикуваше Германија поради, од негов аспект, премалите одбранбени издатоци и високиот германски извозен суфицит.