1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анталија – Марко судски процес

6 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BD6S

Германскиот ученик Марко денеска се појави пред судот во турското одморалиште Анталија. 17-годишниот Германец се наоѓа под обвинение дека сексуално злоставувал една 13-годишна Британка. Кусо по отворањето на процесот, тој беше одложен за 8. август. До тогаш Марко мора да остане во истражен затвор, каде веќе помина три месеци. Процесот ќе се одвива зад затворени врати бидејќи обвинетиот е се‘ уште малолетен.