1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анти-американски демонстрации во Кабул

22 февруари 2012

Учесници на анти-американски демонстрации денеска во Кабул се обидуваат да стигнат до центарот на градот, притоа палејќи автомобили и напаѓајќи продавници. Полицијата го блокира центарот на Кабул.

https://p.dw.com/p/147MA
Од вчерашните протести пред американската база БаграмФотографија: AP

Американската амбасада е затворена и сите патувања се суспендирани. Протестите се насочени против палењето на Коранот од страна на војници на НАТО. Американската влада се извини поради палењето на Коранот во базата Баграм во Авганистан. Министерот за одбрана Леон Панета рече дека жали поради случувањата и нив остро ги осуди. Американскиот генерал Џон Ален, кој е команданат на силите на НАТО во Авганистан, исто така изрази жалење и нагласи дека војниците не го запалиле Коранот намерно. Книгите биле дел од библиотеката на затворот покрај базата.

Afghanistan Protest US Stützpunkt Bagram
Фотографија: AP

Палењето на Коранот е смртен грев

Според претставници на силите ИСАФ, во книгите затворениците оставале екстремистички пораки и забелешки. Палењето на Коранот уште вчера предизвика жестоки протести. Повеќе од две илјади демонстранти собрани пред базата Баграм извикуваа „Смрт за Американците“. За муслиманите палењето и секакво друго оштетување на Коранот важи за смртен грев.

Меѓународните сили ИСАФ денеска (22.02) најавија дека најдоцна до 3 март сите војници ќе минат низ обука за соодветен однос кон религиозни материјали, како што е Коранот. Школувањето ќе опфаќа препознавање, значење, складирање и коректен однос со религиозни материјали.

Автор: ЕМФ/ дв/ дпа

Редактор: А. Трајковска