1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Апелацискиот суд ја разгледува жалбата на „Пуси Рајот“

СН/ЕМФ/дв/дпа/ртр1 октомври 2012

Во Русија денеска (01.10) апелацискиот суд одлучува по жалбата на трите затворени членки на панк бендот „Пуси Рајот“ , против нивната двегодишна затворска казна.

https://p.dw.com/p/16Hw4
Фотографија: picture-alliance/dpa

Затворската казна за Надежда Толоконикова, Јекатерина Самуцевич и Марија Аљехина им беше одредена од страна првостепениот суд во Москва на 17 август годинава поради протестната акција против рускиот претседател Владимир Путин во една црква во Москва. Тие беа прогласени за виновни за хулиганство и поттикнување на верска омраза.

Членките на „Пуси Рајот“ беа уапсени по пеењето на молитва во февруари годинава во црквата на Христос Спасителот која се наоѓа во близина на Кремљ. Во молитвата членките на бендот од Богородица побараа да го протера Путин од власт. Бранителите на девојките од панк-бендот поднесоа жалба на првостепената пресуда. Се очекува апелацискиот суд да ја изрече неговата пресуда уште во текот на денешниот ден. „Максимумот што го очекуваме е всушност намалување на казната на шест месеци“, изјави еден од бранителите.

Случајот на Пуси Рајот предизвика лавина критика во меѓународната јавност. Руската православна црква побара од музичарките да се покајат за нивната панк молитва и изрази уверување дека апелацискиот суд ќе го земе тоа предвид при изрекувањето на пресудата.