1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Апел од Бан за заштита на климата

18 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CIY8

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун повика на борба против растечкото затоплување на земјината клима. На претстојната светска конференција за климата, што ќе започне по две недели на иднонезискиот остров Бали, сите земји мора да дадат согласност за значително намалување на емисиите на гасови штетни за климата, побара Бан вчера во Валенсија, при претставувањето на завршниот извештај на Светскиот совет за климата. Во него луѓето се недвосмислено обележани како одговорни за промената на климата.