1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Арапската лига бара прецизни рокови за промена на власта во Сирија

ЕМФ/дв2 јули 2012

Арапската лига го критикуваше планот за предона влада во Сирија. Иницијативата на Кофи Анан е далеку од очекуваното, се жали генералниот секретар на Лигата Набил ал-Араби.

https://p.dw.com/p/15Q0W

Арапската лига на денешната (02.07) средба со сириската опозиција во Каиро побара прецизни рокови за промена на власта во Сирија. Генералниот секретар на Лигата, Набил ал-Араби, упати итен апел до различните фракции во редовите на сириската опозиција да ги надминат разликите и да се обединат. На средбата не учествуваа претставници на Слободната сириска армија, формирана од дезертери и други милитантни активисти од Сирија. Како причина за своето отсуство тие наведоа дека не доаѓаат поради тоа што на средбата однапред е исклучена можност за странска воена интервенција за заштита на сириското население. Освен тоа, како што се наведува, не се разговара ниту за создавање заштитни зони или хуманитарни коридори, како ниту за вооружување на бунтовниците.