1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Арапската лига испраќа набљудувачи во Сирија

15 ноември 2011

Арапската лига донесе одлука за испраќање 500 набљудувачи во Сирија. Генералниот секретар на Лигата, Набил Елараби, добил писмена согласност за таквиот чекор од владата во Дамаск.

https://p.dw.com/p/13AcG
Насилството во Сирија не престануваФотографија: picture-alliance/dpa

Групата набљудувачи на Арапската лига треба да се состои од претставници на невладини организации, но и од воени експерти, кои ќе бидат во состојба да ја проценат ситуацијата во земјата по повеќемесечни насилства на режимот против припадниците на опозицијата.

Во меѓувреме Турција и Јордан го заострија тонот во критиката на сириското раководство. Јорданскиот крал Абдула дури јавно побара од претседателот Башар ел Асад да се повлече и да го отвори патот за промени во Сирија. Според Абдула, Асад треба да стапи во дијалог со опозицијата и на тој начин да обезбеди мирен пренос на власта.

Сириската армија се оглушува на ваквите апели и ги продолжува операциите против опозицијата. Денеска во судири меѓу силите лојални на претседателот Башар Асад и бунтовниците во близина на границата со Јордан се убиени најмалку 70 лица, соопштија локални активисти. Тоа е првиот случај на сериозен оружен отпор против режимот на Асад во регионот.

Автор: ГЧ/ ЖА/ дв

Редактор: А.Трајковска